Јамајка создава моќна кошаркарска репрезентација

Кошаркарската асоцијација на Јамајка (ЈБА), преговара со неколку имиња од НБА за во иднина да го носат дресот на оваа држава.

Некои играчи веќе се согласиле да го носат дресот на селекцијата на оваа карипска земја, тврди новинарот на „Јамајка Обзервер“, Даниел Блејк. Близнаците Амен (Хјустон Рокитс) и Асар Томпсон (Детроит Пистонс) чиј татко има јамајкански корени, влегле во процес на добивање пасош од оваа земја.

Покрај нив, Јамајка може да смета на Џордан Пауел (поранешен играч во НЦАА) и Џош Минот од Минесота Тимбервулвс, кои веќе имаат право да играат за репрезентацијата на земјата.

И тоа не е сè, бидејќи ЈБА е во напредни преговори со некои од брилијантните имиња од најсилната лига: Скоти Барнс од Торонто Репторс, Ајзеа Стјуарт од Детроит Пистонс и Девин Васел од Сан Антонио Спарс.

Сите тројца, благодарение на еден од нивните родители, го исполнуваат условот за аплицирање за јамајкански пасош.

Целта на Јамајканците е да се квалификуваат за Светското првенство во 2027 година, а тоа би било нивно прво учество на најголемото светско натпреварување во историјата.

Досега никогаш не играле на Олимписките игри, а само еднаш учествувале во натпреварувањето на ФИБА Америка купот, во 2013 година.

Доколку сите споменати играчи му бидат на располагање на селекторот, Јамајка сигурно би била меѓу фаворитите во квалификациите за Мундобаскетот. Јамајканците ја „пресликаа“ политиката на Кошаркарската асоцијација на Бахамите, кои не толку одамна ангажираа тројца НБА играчи: Бади Хилд, Ерик Гордон и Деандре Ејтон.

Таа селекција беше на прагот на сензација против Шпанија, кога дожиева пораз во продолженија во баражот за пласман на Олимписките игри.

Тагови
реклама

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Кошарка

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

Read more

Неверојатниот Дончиќ се изедначи со легендата Вилт Чембрлејн

Read more

Влезот на Леброн во Куќата на славните загрозен од НБА скандалот?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе