Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 127:114, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ уште еднаш покажа каква машина е.
Одигра 36 минути и забележа трипл-дабл, 167-ми во неговата славна кариера. Тоа беше и неговиот трет трипл-дабл во трите натпревари оваа сезона.
Јокиќ постигна 25 поени во победата на Нагетс, заедно со 19 скокови, 10 асистенции и 2 украдени топки. Шутираше 9 од 10 од поле и 7 од 7 од линијата за слободни фрлања.
Nikola Jokic joins Wilt Chamberlain as the only players in NBA history to record:
— Real Sports (@realapp) October 28, 2025
25+ PTS
15+ REB
10+ AST
90%+ FG pic.twitter.com/3n5AMM4FT2
Имаше одлична поддршка од Мареј, кој постигна 43 поени, додека најдобри за Минесота беа МекДениелс со 25 и Рендл со 24 поени.
Absolutely ABSURD Jokić pass.
— NBA (@NBA) October 28, 2025
He's also 6-6 from the field 🔥
Watch on Peacock: https://t.co/qLXp4VCCui pic.twitter.com/zNepptccqM
Инаку, Денвер влезе малку подобро во дуелот и имаше водство од 4 поени по првата четвртина. Потоа имаше пад во играта, што домашните го искористија и го свртија резултатот, а резултатот отиде на полувреме со водство на домашниот тим од 65:57.
Денвер практично го доби натпреварот во третата четвртина, која ја одигра феноменално во нападот и по пресвртот доби водство од 8 поени. До крајот на натпреварот само ја одржуваа и зголемуваа предноста, со што славеа без драма со резултат 127:114.
Денвер е четврти во Западната конференција со две победи и еден пораз, додека Минесота е на 10-тата позиција на Западот со сооднос 2-2.
Резултати:
Детроит Пистонс - Кливленд Кавалирс 95:116
Филаделфија 76ерс - Орландо Меџик 136:124
Чикаго Булс - Атланта Хокс 128:123
Хјустон Рокитс - Бруклин Нетс 137:109
Њу Орлеанс Пеликанс - Бостон Селтикс 90:122
Сан Антонио Спарс - Торонто Репторс 121:103
Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандер 94:101
Јута Џез - Феникс Санс 138:134 прод.
Минесота Тимбервулвс - Денвер Нагетс 114:127
Голден Стејт Вориорс - Мемфис Гризлис 131:118
Лос Анџелес Лејкерс - Портланд Треил Блејзерс 108:122
Табела: