НБА 2024/2025

Јокиќ и Нагетс се чудеа што прави Кари, Дончиќ се поправи за последниот дуел

Зад нас е одлична ноќ ширум НБА паркетите во која гледачите имаа можност да ги проследат своите миленици, а најголемо внимание привлече дерби пресметката помеѓу Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс.

Разиграните Вориорс на крилјата на Стеф Кари ја извојуваа петтата последователна победа, овој пат славејќи со 118:104.

Никола Јокиќ и друштвото немаа решение за Кари и го гледаа како „танцува“ на паркетот. Кари постигна 36 поени и ги предводеше популарните Вориорс до победата.

На другата страна, Јокиќ беше најефикасен кај Денвер со 33 поени, но и тоа не беше доволно за да се избегне пораз. Воедно, српскиот кошаркар повторно воодушеви со одлична асистенција, овој пат „без да гледа“ одзади.

Remote video URL

Лука Дончиќ не ја пропушти можноста да се искупи. Словенечкиот кошаркар постигна 35 поени на дуелот против Њу Орлеанс Пеликанс кој неговиот Лос Анџелес Лејкерс го доби со 124:108.

Да потсетиме, Дончиќ претходната вечер по 114 последователни дуели не постигна ниту една тројка. Сепак, тој ноќеска се искупи, погоди 4 тројки и постигна 35 поени.

Неговиот соиграч Леброн Џејмс и покрај необичната повреда успеа да постигне 27 поени. Имено, Кралот со еден скок го закачи работ на кошот и мораше да го затвори дуелот со завиткан прст.

Remote video URL

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Сакраменто 102:125
Индијана Пејсерс - Јута Џез 140:112
Бостон Селтикс - Феникс Санс 123:103
Торонто Репторс - Детроит Пистонс 105:117
Чикаго Булс - Портланд Треил Блејзерс 118:113
Хјустон Рокитс - Оклахома Сити Тандер 125:111
Сан Антонио Спарс - Кливленд Кавалирс 113:114
Голден Стејт Вориорс - Денвер Нагетс 118:104
Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 114:91
Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс 124:108

Табела:

реклама

Кошарка

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Read more

Клиперс во длабока криза, одлична ноќ за Џарен Џексон

Read more

Многу драма и малку вештини во победата на Лејкерс над Феникс

Read more

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе