Денвер Нагетс го победи Финикс Санс со 125:123 во „Моргејџ Мечап Сентр“, потврдувајќи ја својата добра форма со запишување на третиот последователен триумф.
Финикс подобро го отвори натпреварот и поведе во првата четвртина со седум поени разлика. Сепак, Денвер играше многу подобро до полувремето, завршувајќи го првото полувреме со резултат 57:67.
Слично како и во првото полувреме, Финикс повторно играше подобро и во пресрет на последната четвртина гостите имаа само два поена предност. Натпреварот беше серија кошеви до крајот, а по голема драма, Денвер сепак победи, кога српскиот кошаркар Никола Јокиќ погоди тројка на 11 секунди до крајот.
Патем, Јокиќ повторно се истакна со нов трипл-дабл. Имаше 23 поени и дури по 17 скокови и асистенции. Така, стана играч со најмногу (17) натпревари со бројки 20/15/15 во најважните категории во историјата на НБА. Исто така, Јокиќ постигна трипл-дабл за само 17 минути и 41 секунда, што е петти најбрз трипл-дабл во историјата на најсилната лига. Интересно е што Јокиќ и тука е рекордер со трипл-дабл од 2018 година, за кој му беа потребни само 14 минути и 33 секунди.
Fastest triple-doubles in NBA history:
— Real App (@realapp) March 25, 2026
14:33 — Nikola Jokic (2018)
16:44 — Jalen Johnson (2025)
17:00 — Jim Tucker (1955)
17:35 — Russell Westbrook (2016)
17:41 — Nikola Jokic (Tonight) https://t.co/FChiLRCAwx
Имаше поддршка од Џамал Мареј, кој постигна 21 поен, додека Девин Букер беше најдобар за Финикс со 22 поена.
Денвер е на четвртото место во Западната конференција со 45 победи и 28 порази, додека Финикс е на седмото место со скор 40-33.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Сакраменто Кингс 134:90
Њујорк Никс - Њу Орлеанс Пеликанс 121:116
Кливленд Кавалирс - Орландо Меџик 136:131
Финикс Санс - Денвер Нагетс 123:125
Табела: