Кој ќе го замени отпуштениот тренер во Денвер Нагетс?

Денвер Нагетс го отпушти долгогодишниот тренер Мајкл Мелоун, потврди инсајдерот на ESPN, Шамс Шаранија.

Отказот следеше по четири последователни порази во натпреварите против Минесота, Сан Антонио, Голден Стејт и Индијана во екот на борбата за најдобра можна позиција пред почетокот на НБА плејофот.

Нагетс моментално се четврти на Западот со скор 47-32, а во регуларниот дел остануваат само три натпревари. Мелоун беше на клупата на Денвер од 2015 година, а титулата ја освои во 2023. Нов привремен главен тренер ќе биде Дејвид Аделман, поранешен помошник тренер и син на поранешниот тренер на НБА, Рик Аделман. Отпуштен е и генералниот директор Калвин Бут.

Пред да дојде во Денвер, Мелоун беше главен тренер на Сакраменто Кингс од 2013 до 2014 година, каде во две сезони имаше резултат 39-67. Откако беше отпуштен од Сакраменто, тој се приклучи на Нагетс на 15 јуни 2015 година.

За време на неговата тренерска кариера во Денвер, Мелоун го предводеше тимот до неколку забележителни успеси, вклучувајќи го и историскиот подвиг во плејоф серијата 2020 година, кога Нагетс станаа првиот тим во историјата на НБА кој надмина негатива од 1-3 во две последователни серии (против Јута Џез и Лос Анџелес Клиперс). Под негово водство Никола Јокиќ се разви во трикратен МВП и НБА шампион.

На 24 ноември 2024 година, Мелоун ја забележа својата 433-та победа како тренер на Нагетс, надминувајќи го Даг Мо и стана најпобедничкиот тренер во историјата на франшизата. Овој подвиг го постигна со победата од 127:102 против Лос Анџелес Лејкерс.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Кошарка

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Спорт

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Албанска спортска новинарка во мини-здолниште и високи потпетици крадеше погледи во Лигата на нации

Читај повеќе