НБА 2025/2026 ПЛЕЈОФ

Лејкерс го запреа Шеј, но не и Оклахома: Тандер поведе во серијата

Оклахома Сити Тандер не дозволи никаква драма во првиот меч од полуфиналето на Западната конференција. Актуелниот шампион рутински го бранеше својот домашен терен и поведе со 1-0 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс, откако ноќеска славеше со 108:90 во „Пејком Сентр“.

На хартија, можеби изгледа како убедлива победа за фаворитот, но Оклахома ја оствари на малку поинаков начин од очекуваното. Лејкерс успеаја да го сопрат Шеј Гилџс-Александер, постојано го удвојуваа и изнудија дури 7 изгубени топки, но проблемот за гостите беше што речиси сите други во ротацијата на Тандер најдоа начин да ги казнат.

Токму тоа е разликата помеѓу оваа и некои претходни верзии на Оклахома. Кога противникот ќе успее да ја забави првата ѕвезда, се појавуваат некои нови решенија. Овој пат тоа беше Чет Холмгрен, кој одигра клучна улога со 24 поени и 12 скока.

Тандер победија во својот петти натпревар по ред во плејофот, и покрај тоа што Џејлен Вилијамс го пропушти својот трет натпревар по ред поради повреда на левата тетива.

Покрај со Холмгрен,  по 18 поени постигнаа Гилџс-Александер и Аџеј Мичел, додека тимот на Оклахома шутираше со 49,4 проценти од поле и погоди 13 тројки од 30 обиди.

Лејкерс се мачеа во офанзивниот период без Лука Дончиќ, водечкиот стрелец во лигата, кој е надвор од игра еден месец поради повреда на левата тетива. Леброн Џејмс постигна 27 поени, Руи Хачимура додаде 18, а Остин Ривс, кој во регуларната сезона имаше просек од 23,3 поени, беше ограничен на 8 поени со шут 3/16.

Гостите го отворија натпреварот со серија од 7-0, а Џејмс постигна пет поени во тој период. Сепак, Тандер го намалија водството на 31:26 до крајот на првата четвртина, а на средината од втората четвртина поведоа дополнително по забивањето на Холмгрен по цепелинот на Ајзеа Хартенштајн за 48:39. Во истата акција, Џаред Вандербилт го повреди малиот десен прст, го напушти теренот и не се врати.

Оклахома водеше со 61:53 на полувремето, а прашањето за победникот беше решено практично на крајот од третата четвртина, кога Мичел погоди тројка од аголот под фаул на Маркус Смарт и дополнително слободно фрлање за резултат 84:72. На почетокот на последната четвртина, Алекс Карусо заби во контранапад за 88:73, по што Тандер го доведоа мечот до крај без поголеми проблеми.

Remote video URL

Вториот натпревар од серијата ќе се игра в поеток во 3:30 часот утрото по македонско време, повторно во Оклахома Сити.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Кошарка

Дончиќ без ниту еден глас за првото место во МВП трката

Read more

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Read more

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Read more

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Read more
 

Спорт

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Читај повеќе

Босански програмери направија мега популарна апликација за размена на сликички за Светско

Читај повеќе

ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра

Читај повеќе

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Читај повеќе

Лаутаро вели дека Кејн е подобар од Халанд, објасни и зошто

Читај повеќе

Нојер се враќа како прв голман на Германија за СП 2026

Читај повеќе

Има 40 години, не играл од 2023 година: Јунајтед му дава нов договор

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета брутално искрен: Ќе бидам најголемиот навивач на Борнмут на сите времиња!

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар ќе оди на Светско, Педру ќе гледа на ТВ од дома

Читај повеќе