НБА 2025/2026

Лејкерс немоќни без Дончиќ, Леброн и Ривс: Потоп од 46 разлика против Оклахома

Оклахома Сити Тандер го победи Лос Анџелес Лејкерс со убедлив резултат од 123:87.

Иако на прв поглед овој резултат изгледа неверојатен, работите стануваат појасни кога ќе се види дека Лејкерс играа без пет играчи кои заедно постигнуваат просек од речиси 100 поени: Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс, Маркус Смарт и Џексон Хејс.

Во нивно отсуство, Лејкерс ги предводеше Руи Хачимура со 15 поени, додека Дру Тими и Ник Смит постигнаа по 11 поени.

За Оклахома, Шеј Гилџс-Александер постигна 25 поени со 8 асистенции, додека Чет Холмгрен имаше дабл-дабл со 15 поени и 10 скокови, а Ајзеа Џо погоди 6 тројки. Оклахома шутираше за три поени со 50 отсто успешност, а ја запиша шестата победа во низа.

Remote video URL

Натпреварот го обележа инцидентот на клупата на Лејкерс меѓу тренерот Редик и Вандербилт. Сè се случи на почетокот на втората четвртина кога Редик побара тајм-аут и одлучи да го повлече од игра Вандербилт, кој беше во центарот на вниманието поради три промашени слободни фрлања на крајот од првата четвртина. Таа одлука очигледно не му се допадна на крилниот играч на Лејкерс.

Вандербилт реагираше бурно, влезе во расправија со тренерот, а ситуацијата брзо се претвори во сериозен вербален конфликт.

Бостон го победи Шарлот со 113:102. До победата го предводеше Џејлен Браун со 35 поени, додека на другата страна ЛаМело Бол постигна 36 поени.

Резултати:

Индијана Пејсерс - Минесота Тимбервулвс 104:124
Вашингтон Визардс - Чикаго Булс 98:129
Бруклин Нетс - Милвоки Бакс 96:90
Торонто Репторс - Мајами Хит 121:95
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 113:102
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 156:137
Голден Стејт Вориорс - Скраменто Кингс 110:105
Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 116:103
Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома Сити Тандер 87:123
Финикс Санс - Хјустон Рокитс 105:119

Табела:

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Кошарка

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе