НБА 2024/2025 плејоф

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Лос Анџелес Лејкерс се на работ на елиминација уште во првото коло од плејофот откако беа поразени од Минесота Тимбервулвс со 116:113.

Тренерот на Лејкерс, ЏејЏеј Редик, одлучи да не прави никакви замени во второто полувреме, па Дориан Фини-Смит, Леброн Џејмс, Лука Дончиќ, Остин Ривс и Руи Хачимура ги одиграа сите минути од третата и четвртата четвртина.

Според записите од 1997 година, тој е првиот тренер што направил таков потег во плејофот.

На средина од четвртата четвртина, Лејкерс водеа со 10 поени разлика, но Минесота успеа да направи пресврт.

Дончиќ и Леброн заедно постигнаа 65 поени, но ниту тоа не им помогна на Лејкерс. Дончиќ постигна 38 поени, додека Леброн заврши со 27 поени, 12 скокови и 8 асистенции, а по мечот играчите на Лејкерс јавно изјавија дека судиите биле грубо неправедни кон нив и дека ја фаворизирале победата на Минесота.

Remote video URL

На 33 секунди до крајот на натпреварот, кога Минесота водеше со 114:113, Дончиќ беше во дуел со Џејден МекДениелс, кој го сопна. Словенецот падна на подот, но судиите одбија да досудат фаул и Лука мораше да побара тајм-аут.

„МекДениелс го сопна Лука. Беше премногу очигледно. Никој нема да падне туку-така. Ја разгледавме ситуацијата и сигурни сме дека тој го сопна и требаше да имаме две слободни фрлања“, рече тренерот на Лејкерс, ЏејЏеј Редик, по натпреварот.

„Сигурен сум дека ме сопна“, додаде Дончиќ.

Сепак, Лејкерси тврдат дека лошите судиски одлуки не завршиле тука. При израмнет резултат на 10,1 секунди до крајот на натпреварот, Леброн беше во дуел со најдобриот играч на Минесота, Ентони Едвардс и му ја изби топката, а која потоа им беше доделена на Лејкерс.

Сепак, од клупата на Минесота побараа преглед на снимката, по што судиите доделија две слободни фрлања на Едвардс, кој го погоди и стигна до своите 43 поени во натпреварот за конечен резултат од 116:113.

Леброн истакна дека го удрил Едвардс во раката, но дека тоа било дозволено бидејќи играчот на Минесота ја ставил раката на врвот од топката.

„Такви работи се случуваат постојано. Раката е дел од топката, велат. Го удрив по раката што беше на топката. Топката му падна и од него се одби надвор од теренот. Го гледав видеото повеќе пати и така е“, рече разочараниот Леброн.

Минесота ја забележа третата победа и сега води со 3-1, односно Лејкерс се само еден пораз од елиминација од плејофот.

Детроит, Орландо и Милвоки, кои исто така претрпеа порази синоќа и заостануваат со 3-1 во серијата против Њујорк, Бостон и Индијана, исто така се соочуваат со елиминација.

Резултати:

Детроит Пистонс - Њујорк Никс 93:94
Минесота Тимбервулвс - Лос Анџелес Лејкерс 116:113
Орландо Меџик - Бостон Селтикс 98:107
Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс 103:129

Табела:

реклама

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Каде се селат богатите инвеститори по нападите во Дубаи?

Read more

Трамп: Иран изгуби сè што можеше да изгуби, нема потреба од копнена инвазија

Read more

Кошарка

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Леброн сруши рекорд за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде срушен

Read more

Македонските кошаркари паднаа две места на ранг-листата на ФИБА

Read more

Кошаркарки се степаа на натпревар во САД, судијката заврши на паркет

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

На иранските фудбалерки им се заканува смртна казна бидејќи не ја пееја химната

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн сруши рекорд за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде срушен

Читај повеќе

Италијански медиуми: Алегри сака да оди во Реал, ќе го земе и Модриќ

Читај повеќе

Македонските кошаркари паднаа две места на ранг-листата на ФИБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Читај повеќе

BBC избра 10 најдобри напаѓачи на 21 век: Кој недостига, кој е преценет?

Читај повеќе

Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер: Во мене уште гори тој оган

Читај повеќе

Нова ера на Формула 1 почнува викендов во Австралија: Седум кандидати за тронот

Читај повеќе