Многу драма и малку вештини во победата на Лејкерс над Феникс

Натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс донесе неверојатна завршница и конфликт помеѓу Леброн Џејмс и Дилон Брукс.

Неретко Брукс во текот на својата кариера зборуваше дека тој е тој што може да го запре Џејмс, и погрдно зборуваше за еден од најдобрите сите времиња, а сега дојде до кулминација.

Првата ситуација се случи во третата четвртина, кога по еден аут Леброн и Дилон влегоа во расправија, а на крајот судиите го држеа „кралот“ за да не ескалира конфликтот.

Натпреварот продолжи, а потоа влезе во драма. Лејкерс во последните 40 секунди влегоа со +4, но следуваа брзи поени на Ален и Брукс (тројка) за пресврт.

Брукс не се задоволи со тоа што го доведе својот тим на чекор до победа, па реши да му се внесе на Леброн в лице по погодената тројка и благо го турна – и за тоа доби техничка грешка!

Буквално од ништо Лејкерс добија шанса да обезбедат продолжеток со последниот напад, но Џејмс го промаши фрлањето...

Но, сепак, доби уште три шанси!

Збунетост настана во последниот напад на „езерџиите“, Дончиќ мораше да му го предаде „жешкиот компир“ на својот најискусен соиграч, а тој беше фаулиран при удар за три поени – кој во секој случај беше од многу тешка позиција. Потребни беа два погодоци за победа...

Го промаши првото фрлање, но на крајот успеа да ги погоди останатите две и конечно да донесе триумф на својот тим.

НБА лига (недела кон понеделник)

Индијана – Вашингтон 89:108

Кливленд – Шарлот 111:119

Атланта – Филаделфија 120:117

Бруклин – Милвоки 127:82

Минесота – Сакраменто 117:103

Чикаго – Њу Орлеанс 104:114

Финикс – Лос Анџелес Лејкерс 114:116

Портланд – Голден Стејт 136:131

Џејмс ја заврши средбата со 26 поени, Диандре Ејтон придонесе со 20 поени и 13 скокови, додека Дончиќ имаше 29, со шест асистенции.

Од другата страна, Девин Букер имаше 27 поени и седум асистенции, Марк Вилијамс постигна 20 со шест освоени топки, а спомнатиот Брукс се истакна со 18 поени.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Кошарка

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе