НБА 2025/2026

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Џими Батлер претрпе сериозна повреда на коленото која, според првичните извештаи, му ја заврши сезона со Голден Стејт Вориорс.

Напаѓачот на Вориорс ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на победата на неговиот тим над Мајами Хит од 135:112, натпревар кој беше целосно засенет од несреќниот настан на средината од третата четвртина.

Батлер се повреди на 7:41 минути до крајот на третата четвртина, судирајќи се со Дејвион Мичел за време на скок-шут, а доскокот му беше незгоден, по што Батлер заврши на паркетот во очигледна болка. Реакцијата беше загрижувачка, а тишината во „Чејс Сентр“ арената јасно укажуваше на сериозноста на ситуацијата.

Ветеранот лежеше неколку минути додека неговите соиграчи го опкружуваа, видливо потресени. На крајот, со помош беше кренат на нозе и полека однесен во соблекувалната, не можејќи да се потпре на повредената нога. Кратко потоа, клубот објави дека Батлер е испратен на магнетна резонанца, и наскоро официјално беше исклучен од остатокот од натпреварот.

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, изрази загриженост по мечот, велејќи дека атмосферата во соблекувалната била „тивка“ и „тешка“ додека сите ги чекале првите вести за состојбата на еден од клучните играчи на тимот. Неговите соиграчи исто така јасно ставија дознаење колку е тешка ситуацијата за нив, иако Батлер, на својот препознатлив начин, се обидуваше да ја разбие тензијата дури и во тие моменти.

Скенирањата го потврдија најлошото сценарио, скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, со што практично заврши сезоната за еден од најважните играчи на Вориорс. Особено загрижувачки е фактот што Батлер веќе има историја на проблеми со истото колено, откако претрпе повреда на менискусот во 2018 година и истегнување на медијалниот колатерален лигамент минатата сезона.

Повредата, секако, доаѓа во особено незгоден момент за Голден Стејт, кој е во значителен пораст на формата во текот на изминатиот месец. Вориорс победија на 12 од последните 16 натпревари во тој период и започнаа сериозно искачување на табелата, а Батлер беше еден од главните двигатели на таа серија. Во јануари, тој постигна просек од 21,3 поени со исклучително ефикасен шут од поле од 53%, потврдувајќи колку многу значи за овој тим, и офанзивно и дефанзивно.

До повредата против Мајами 36-годишниот бек имаше скор од 17 поени, 4 асистенции и 3 скокови, а погоди една тројка од 5 обиди.

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Кошарка

Јокиќ надмина уште една легенда и сега е втор по трипл-дабл во историјата

Read more

Нереален пресврт на Бостон: Губеше 22 разлика и сепак го победи Мајами

Read more

Јокиќ само што се врати го истегна глуждот - нова пауза?

Read more

Јокиќ сега е втор на историската трипл-дабл листа на НБА

Read more
 

Спорт

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Читај повеќе

Дали Манчестер Јунајтед засекогаш ја затвори вратата за Роналдо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд: Жал ми е за Собослаи, но знам дека судијата мора да ги почитува правилата

Читај повеќе

Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимската олимпијада

Читај повеќе

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Читај повеќе