НБА реагираше брзо, а Џејлен Браун е казнет со 50.000 долари за коментарите што ги даде за време на преносот во живо по елиминацијата на Бостон Селтикс од Филаделфија 76ерс во седмиот натпревар од серијата.
Браун се вклучи во живо по поразот и без многу двоумење проговори за судиите, критериумите и Жоел Ембиид. Неговите коментари брзо станаа вирални на социјалните мрежи, а лигата сега официјално одговори со парична казна. Повеќето од неговите забелешки се однесуваа на ситуации во кои сметаше дека е третиран поинаку од другите играчи.
„Ако мене ми свирите туркање, тогаш свирете им на сите. Ист потег. Сите го прават тоа“, рече Браун додека ги анализираше контроверзните детали од играта. Сепак, не застана само на критикување на критериумите. Браун отиде чекор понатаму и рече дека верува оти постои „агенда“ против него.
„Јасно е дека постои агенда. Како судиите да го имаат запишано тоа - ако Џејлен го направи овој потег, секој пат свири фаул во напад“, рече Браун за време на преносот, а бекот на Бостон верува дека причината може да биде тоа што претходно во неколку наврати јавно го критикуваше судењето.
Освен судиите, на мета беше и Жоел Ембиид, Камерунецот кој одлучи да настапува за Дрим Тимот. Браун не го оспори квалитетот на центарот на Филаделфија, кого го нарече еден од најдобрите високи играчи во историјата, но отворено зборуваше за начинот на кој доаѓа до фаули.
„Фолирањето ни ја уништи играта. Ембиид е одличен играч, но фолира. И тој го знае тоа“, рече Браун.
НБА не навлегуваше во детали за поединечните изјави во соопштението, но соопшти дека Браун е казнет за јавно критикување на судиите по натпреварот. Казната од 50.000 долари уште еднаш покажува колку лигата е чувствителна на коментарите за судењето, особено кога тие доаѓаат од една од најголемите ѕвезди на плејофот.
The NBA has assessed a $50,000 fine to Boston's Jaylen Brown for public criticism of officiating. pic.twitter.com/iLZUrN99PN
— Marc Stein (@TheSteinLine) May 6, 2026