НБА 2025/2026 ПЛЕЈОФ ФИНАЛЕ

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

Ден по поразот на Њујорк Никс од Сан Антонио Спарс, официјалните лица на лигата потврдија дека судиите не досудиле прекршок од Виктор Вембанјама поради сомнителен контакт со Џејлен Бренсон.

Инцидентот се случи за време на првата четвртина во „Медисон Сквер Гарден“, кога францускиот центар од зад грб го турна капитенот на Никс и го собори на подот, додека судиите останаа неми.

Шефот на судиите во НБА, Монти МекКачин, се појави на ESPN и призна дека одлуката била погрешна.

„Пропуштен е прекршок на Виктор Вембанјама врз Џејлен Брансон“, рече МекКачин, потврдувајќи дека лигата сè уште разгледува дали ситуацијата последователно ќе биде окарактеризирана како неспортски личен фаул.

Таква можност постои во НБА. На играч може да му се изрече неспортска лична грешка со последователен преглед на видеото, дури и ако не е досудена за време на натпреварот. Сепак, што и да одлучи лигата, Њујорк нема да има никаква конкретна корист од тоа. Резултатот останува ист, Спарс победија и го намалија дефицитот во серијата на 2-1.

Контроверзната ситуација дополнително ја разгоре приказната за промената на имиџот на Вембли за време на плејофот. Французинот со години е познат како смирен и сталожен играч, но крајот на сезоната ја изнесе на виделина неговата поагресивна страна. Многумина веднаш направија паралела со дуелот против Минесота Тимбервулвс, кога го удри со лакт Наз Рид за време на полуфиналето на Западната конференција.

Реакциите во „Медисон Сквер Гарден“ беа жестоки за време на самиот натпревар. Навивачите на Њујорк скандираа против Вемби, социјалните медиуми беа преплавени со снимки од контроверзниот момент, а меѓу оние што бараа реакција од лигата беше и големиот навивач на Никс, актерот Бен Стилер.

Останува да се види дали НБА последователно ќе му досуди на Вемби неспортски личен фаул, но едно е јасно. Лигата ја призна грешката на своите судии, но тоа нема да им ја врати пропуштената можност на Никс на домашен терен да се доближат на чекор од нивната прва титула од 1973 година. Наместо водство од 3-0, Њујорк сега влегува во четвртиот натпревар со прашање кое сигурно ќе ги прогонува уште некое време - што ако судиите реагираа на време?

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Кошарка

Јокиќ пред супермакс договор од 350 милиони долари

Read more

Јокиќ, ти ли си?

Read more

НБА ѕвездата Јанис Адетокунбо премина од Милвоки во Мајами

Read more

НБА сруши рекорд: Најгледанo финалe од времето на Џордан и Булс

Read more

Спорт

  • play_arrow

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Читај повеќе

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Читај повеќе

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Читај повеќе

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина ја победи Швајцарија по продолженија и закажа пресметка со Англија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Белингам ја заврши норвешката бајка, Англија е полуфиналист

Читај повеќе
  • play_arrow

Викинзите доаѓаат по принцот Хари

Читај повеќе
  • filter

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Читај повеќе

Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

Читај повеќе