нба 2025/2026

Нереален пресврт на Бостон: Губеше 22 разлика и сепак го победи Мајами

Ноќеска ширум Америка беа одиграни вкупно шест натпревари во НБА лигата. Еден од најинтересните се одигра во „ТиДи Гарден“ во Бостон, каде што домашните Селтикс го победија Мајами Хит со 98:96.

Победата на домашниот тим добива поголемо значење кога ќе се земе предвид дека надминаа негатива од 22 поена, што е најголемиот камбек на Селтикс сезонава.

Домашниот тим го предводеше Џејлен Браун со 29 поени, додавајќи 7 скокови и 2 асистенции, додека Пејтон Причард додаде 24 поени.

Црногорецот Никола Вучевиќ имаше одлично деби за Селтикс запишувајќи дабл-дабл со 11 поени и 12 скокови.

Канаѓанецот Ендрју Вигинс се истакна кај поразените Хит со 26 поени и 6 скокови, а неговиот соиграч Норман Пауел уфрли 24 поени. Бем Адебајо беше скромен со 16 поени и 7 скокови.

Remote video URL

Така, Бостон ја зголеми серијата на 5 победи по ред и е втор на Истокот со скор 34-18, додека Мајами е осми со 27-26 во истата конференција.

Резултати:

Бостон Селтикс - Мајами Хит 98:96
Детроит Пистонс - Њујорк Никс 118:80
Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс 105:99
Минесота Тимбервулвс - Њу Орлеанс Пеликанс 115:119
Портланд Треил Блејзерс - Мемфис Гризлис 135:115
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Клиперс 111:114

Табела:

реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Кошарка

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе