Нов историски трипл-дабл за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер остварија многу важен триумф во борбата за плеј-офот – на домашен терен беа подобри од директниот конкурент Мемфис (117:109).

Пред крајот на колото Нагетс имаат скор 49-32, го држат четвртото место на Западот, додека Гризлис се осми со учинок 47-34.

Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија, остварувајќи трипл-дабл – 26 поени, 16 скока, 13 асистенции и две украдени топки.

На теренот мина 41 минута, шутираше 11/19 од поле, не се обиде многу тројки (1/2), додека од белата линија имаше 3/7.

Јокиќ успеа да оствари сезонски трипл-дабл, да забележи просечен двоцифрен учинок кога се во прашање поени, скокови и асистенции.

Интересно, најефикасен не беше тој, туку Арон Гордон со 33 поени и пет скока. Џамал ​​Мареј додаде 15, со седум асистенции и пет скока, Расел Вестбрук 14, а Кристијан Браун 12 поени, со пет асистенции.

На другата страна се истакна Дезмонд Бејн со 24 поени и шест скока, Џа Морен постигна 21 со шест асистенции, а Џерен Џексон постигна 18 поени.

Денвер не го започна баш најдобро натпреварот, имаше двоцифрена негатива во раната фаза, а до самиот крај не успеа да поведе.

Потоа следеше фантастична серија од 11:0 со која Нагетс го прекинаа натпреварот и на крајот ја однесоа победата.

Во последното коло Денвер му гостува на Хјустон, додека Мемфис го пречекува Далас. Двата натпревари се закажани за в недела од 21:30 часот.

реклама

Кошарка

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Read more

Повозбудливо не може: Индијана ја победи Оклахома со кош на 0,3 секунди до крајот

Read more

Јамајка создава моќна кошаркарска репрезентација

Read more

Дончиќ за своите почетоци: Бев собирач на топки во Евролигата

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе