Сакраменто Кингс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 124:112 во „Голден 1 Сентр“, продлабочувајќи ја кризата во која се наоѓаат гостите, кои веќе имаа изгубено три натпревари по ред.
Кингс го отворија натпреварот подобро и имаа водство од четири поени по првата четвртина, а водството го одржуваа до полувремето (61:54).
Натпреварот беше решен во третата четвртина кога домаќините се стекнаа со двоцифрена предност, која мирно ја одржуваа и го приведоа натпреварот кон крај без поголеми драма.
Најдобар во редовите на Кингс беше Демар ДеРозан со 32 поена, додека Малик Монк додаде 26 поени. Лука Дончиќ беше единствениот расположен за Лејкерс со 42 постигнати поени.
Лејкерс се на петтото место во Западната конференција со 23 победи и 14 порази, додека Кингс се на претпоследната позиција на Западот со скор 10-30.
Во следниот натпревар, Лејкерс утре ќе ги пречекаат Атланта Хокс, а Сакраменто ќе биде домаќин на Њујорк Никс в четврток.
Резултати:
Кливленд Кавалирс – Јута Џез 112:123
Индијана Пејсерс – Бостон Селтикс 98:96
Торонто Репторс – Филаделфија 76ерс 102:115
Далас Маверикс – Бруклин Нетс 113:105
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот Хорнетс 117:109
Табела: