Расел Вестбрук замина во пензија

Поранешниот МВП и играч на бројни НБА тимови, Расел Вестбрук, го објави крајот на својата кариера на 38-годишна возраст.

Вестбрук, вториот играч во историјата кој завршил сезона со просек од трипл-дабл, ја објави својата одлука на оригинален начин, објавувајќи краток филм во траење од 3 и пол минути, чиј наратор е добитникот на Оскар, Мајкл Б. Џордан.

Играчот, кој на врвот на својата кариера го носеше дресот на Оклахома Сити Тандер 11 сезони, ја доби наградата МВП во 2017 година, а учествуваше на Олстар натпреварот уште девет пати.

Дури четири пати имаше двоцифрен просек во поени, скокови и асистенции (2017, 2018, 2019 и 2021 година), а е рекордер во НБА по бројот на трипл-дабли (209) пред Никола Јокиќ.

Откако ја напушти Оклахома, играше за Хјустон Рокитс, Вашингтон Визардс, Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Клиперс, Денвер Нагетс и Сакраменто Кингс. Во ниту еден тим не остана повеќе од две сезони.

Во својата 18-годишна кариера не успеа да ја освои шампионската титула. Единственото финале со Оклахома го играше во 2012 година.

Беше избран од Сиетл Суперсоникс (идна Оклахома) како четврти пик на драфтот во 2008 година.

Само две години подоцна, беше член на тимот на САД кој освои злато на Светското првенство. Го повтори истиот успех на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. После тоа никогаш повеќе не играше за националниот тим.

Се наоѓа на петтото место на листата на најдобри асистенти во историјата на НБА. Освен него и Оскар Робертсон, само Никола Јокиќ успеа да има просек од трипл-дабл во една сезона. Со српскиот центар, Вестбрук беше соиграч една година во дресот на Денвер (2024/2025).

Двапати беше најдобар стрелец во лигата (2015 и 2017), а уште трипати најдобар асистент.

Беше избран во најдобриот тим на НБА во 2016 и 2017 година.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Кошарка

НБА сака да ја преземе Евролигата

Read more

Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

Read more

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските кошаркари, тренери и судии

Read more

Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе