Денвер Нагетс го победи Хјустон Рокитс по продолжение со резултат 128:125, во феноменален натпревар во кој, очекувано, се истакнаа Никола Јокиќ и Алперен Шенѓун.
Никола Јокиќ постигна 39 поени, на што додаде 15 скокови и 10 асистенции, со што го запиша 12-тиот трипл-дабл сезонава.
Шенѓун ги предводеше Рокитс со 33 поени, 10 асистенции и 10 скокови, што е негов прв трипл-дабл сезонава.
VIDEO GAME NUMBERS BETWEEN JOKIC AND SENGUN 🔥
— SportsCenter (@SportsCenter) December 16, 2025
The Nuggets outlast the Rockets in OT ⛏️ pic.twitter.com/nOIRQ82Ucj
Џамал Мареј додаде 35 поени за Денвер, вклучувајќи шест од 11-те поени на неговиот тим во продолжението. Мареј погоди 14 од 15 слободни фрлања.
Оваа победа е петта последователна на Нагетс и нивна прва на домашен терен од 8 ноември.
Кевин Дурант додаде 25 поени, 7 асистенции, 5 скокови и 5 блокади за Хјустон, кој го загуби третиот последователен натпревар на гостински терен.
Продолжение имаше и во Солт Лејк Сити каде Јута Џез го совлада Далас Маверикс со 140:133. Кејонте Џорџ постигна 37 поени, а Лаури Марканен 33 предводејќи Јута против Далас, кој загуби и покрај тоа што Купер Флег постигна најмногу поени во кариерата - 42.
Бостон Селтикс кој загуби дома од Детроит Пистонс со 112:105. Кејд Канингем постигна 32 поена и имаше 10 скокови за дабл-дабл, додека Карис Леверт и Тобиас Харис додадоа по 13 поени за Пистонс.
Џејлен Браун постигна 34 поени, заедно со 8 скокови и 7 асистенции, предводејќи ги Селтикс. Дерик Вајт постигна 31 поен, а Бостон загуби втор пат по ред по серија од 5 победи.
Во последниот меч рано утрово Мемфис Гризлис со убедливи 121:103 го победи Лос Анџелес Клиперс. Повеќе за овој натпревар тука.
Резултати:
Бостон Селтикс - Детроит Пистонс 105:112
Мајами Хит - Торонто Репторс 96:106
Јута Џез - Далас Маверикс 140:133 прод.
Денвер Нагетс - Хјустон Рокитс 128:125 прод.
Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис 103:121
Табела: