Само е 16 јануари, а веќе го имаме најдоброто забивање во 2026 година во НБА, изведено од американскиот бек Ентони Блек на натпреварот за Орландо Меџик против Мемфис Гризлис.
Орландо и Мемфис се сретнаа во Берлин, а Блек изведе незаборавен потег на самиот крај од натпреварот.
Две и пол минути пред крајот, Паоло Банкеро започна контранапад и му ја додаде топката на Блек, а потоа 21-годишниот бек се стрча кон кошот и се обиде да забие.
Дури четворица играчи на Мемфис истовремено се обидоа да го блокираат, но тоа не беше непремостлива пречка за Блек.
DUNK OF THE YEAR?!!?! ANTHONY BLACK ON 4 GRIZZLIES 😳😳😳 pic.twitter.com/8QANj6pPUM
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 15, 2026
Бекот на Орландо заби силно, а Винс Вилијамс, Џи Џексон, Санти Алдама и најголемата ѕвезда на Мемфис, Џарен Џексон, засекогаш ќе бидат запаметени како четворицата играчи што Блек ги „овековечи на постер“.
Патем, Блек го заврши натпреварот, кој Орландо го доби со 118:111, со 21 поен и беше втор најдобар стрелец во тимот зад Банкеро, кој постигна 26 поени.