Францускиот кошаркар Виктор Вембанјама (21) сè уште расте, беше потврдено денеска за време на медиумскиот ден организиран пред почетокот на новата НБА сезона.
Центарот на Сан Антонио Спарс официјално е висок 2 метри и 23,5 сантиметри, што е за 2,5 сантиметри повеќе отколку во истиот период минатата година.
Спарс минатата сезона веруваа дека неговото тело сè уште се развива, а сега на 21 година, тој е значително повисок.
The Spurs are now listing Victor Wembanyama as 7’4, per @mikecwright.
— Legion Hoops (@LegionHoops) September 29, 2025
He was 7’3 last season. 👀 pic.twitter.com/YVUQlpR5XQ
Исто така, беше потврдено дека Вембанјама добил дозвола за игра и дека проблемот со повредата на рамото е зад младиот Французин.
„Работев толку напорно на моето тело што нема простор за понатамошно подобрување. Може да се подобриш само до одреден степен и мислам дека го достигнав максимумот што е можен помеѓу две сезони. Сега треба да играм кошарка“, рече Вембанјама.
Одигра 46 натпревари минатата сезона пред повредата, со просек од 24,3 поени, 11 скокови и 3,8 блокади.