Влезот на Леброн во Куќата на славните загрозен од НБА скандалот?

Скандалот со нелегално обложување што ја тресе НБА во последните недели може да влијае и на една од најголемите ѕвезди, Леброн Џејмс.

Претприемачот Патрик Бет-Дејвид предупреди за оваа можност, истакнувајќи дека долгогодишниот деловен партнер на Џејмс, Маверик Картер, им признал на федералните агенти во 2021 година дека нелегално се обложувал на натпревари.

Според извештаите на The Washington Post, Картер признал дека во текот на една година поставил околу дваесет облози, во износ од 5.000 до 10.000 долари по облог. Во тоа време не беа покренати обвиненија против него бидејќи не се сметаше за главна цел на истрагата.

Самиот Џејмс тврдеше дека не бил свесен за активностите на својот партнер сè додека не се појави веста. Тој нагласи дека Картер нема директна поврзаност со НБА или НФЛ, што теоретски би му дозволило да се обложува без да ги прекрши нивните внатрешни правила. Сепак, ако судските власти успеат да докажат дека Картер се здружил со обвинетите во скандалот од 2025 година, последиците би можело да се прошират.

Патрик Бет-Дејвид оди чекор понатаму во својот подкаст The PBD Podcast и тврди дека, во случај ФБИ повторно да ја отвори истрагата против Картер, ѕвездата на Лејкерси би можела да биде казнет со забрана за влез во Куќата на славните, во која треба да влезе по пензионирањето.

Таков преседан во историјата на НБА би бил исклучително редок. До денес, ниту еден активен играч не бил казнет на овој начин поради надворешна кривична истрага.

Џејмс е најдобриот стрелец во историјата на НБА (42.184 поени), четирикратен МВП на НБА и нејзин четирикратен шампион.

реклама

Кошарка

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Read more

Леброн Џејмс во дрес на Филаделфија: Не дојдов тука за да изгубам во втората рунда

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе