Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

НБА лигата објави драстични казни за ЛА Клиперс и Каваи Ленард за заобиколување на правилата за ограничување на платите дефинирани со колективниот договор. Одлуката е донесена по независна истрага спроведена од адвокатската фирма Wachtell, Lipton, Rosen & Katz, која откри повеќекратни и сериозни прекршувања на правилата.

Според резимето на извештајот, Клиперс му обезбедиле на Ленард можности за заработка надвор од теренот со четири компании кои се партнери на клубот: Aspiration Partners, Boingo Wireless, Daktronics и Lockton Insurance. Клубот посредувал во склучувањето договори за спонзорство помеѓу овие компании и Ленард и им понудил деловна соработка како стимулација.

Истрагата, исто така, открила дека Клиперси платиле лични трошоци за Ленард и неговите претставници и не ги пријавиле барањата за несоодветна заработка поднесени во име на Ленард од неговиот тогашен менаџер Денис Робертсон. Ленард, преку постапките на Робертсон, ги прекршил правилата бидејќи вршел притисок врз клубот да му обезбеди дополнителен приход, во што успеал. Покрај тоа, тој не ги врати парите што клубот ги потрошил за негови лични трошоци.

Санкции за клубот, менаџментот и Ленард

Клиперс ќе бидат без пет пика во првата рунда, по еден на НБА драфтовите во 2029, 2030, 2031, 2032 и 2033 година.

Исто така беа казнети со 30 милиони долари.

Сопственикот на Клиперс, Стив Балмер, беше суспендиран една година од сите активности поврзани со лигата и тимот затоа што свесно се обидел да му помогне на Ленард да обезбеди извори на приход надвор од теренот, одобрил деловен договор за кој знаел дека е предуслов за спонзорски договор помеѓу Aspiration и Ленард и не успеал да создаде услови во кои неговата организација ќе ги почитува правилата на НБА против заобиколување.

Претседателката за деловни операции на Клиперс, Џилијан Цукер, беше суспендирана без плата една година затоа што била првенствено и директно одговорна за нелегалните спонзорски договори и дала лажни и погрешни изјави пред истражителите.

Претседателот на кошаркарските операции на Клиперс, Лоренс Френк, беше суспендиран без плата шест месеци поради учество во нелегални спонзорски договори и одобрување на нелегални трошоци направени од Ленард и членовите на неговото семејство.

Организацијата Клиперс и нејзините вработени ќе бидат предмет на петгодишна програма за усогласеност и следење од страна на лигата.

Ленард мора да ѝ плати на НБА 700.000 долари за своите прекршоци.

На Робертсон му е забрането да работи со тимови од НБА и нивните придружни организации или на кој било друг начин поврзани со нив во име или во врска со кој било играч, вработен или друг персонал на лигата или тимот во период од пет години.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Кошарка

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе