Бањаја полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“.

Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим.

Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркес назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП.

Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркес стартуваше од четвртото место и победи во Шпилберг.

Франческо верува дека проблемот не е во него и неговото возење и му порача на Дукати:

„Сè што се случува цела година се случи на трката во недела. Се борам и давам сѐ од себе, но овој пат тоа значеше позиција број осум. Победникот на трката победи со време со кое победив јас минатата година. Го имам тој потенцијал. Не знам зошто ништо не ми функционира. Марко Бецеки и Марк Маркес прават сè подобро од мене. Доцнев 12 секунди на патека каде што секогаш правев разлика и не го разбирам тоа, навистина не го разбирам. Се обидував, но сите ме заобиколуваа во кривините. Дукати мора да ми го објасни тоа, но ми снемува трпение“, рече искрениот Франческо Бањаја.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Останати спортови

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Read more

НХЛ останува без една од најголемите ѕвезди: Легендарниот Овечкин објави крај

Read more

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Read more

Почнува спектаклот на мраз: Кој ќе го крене Стенли купот?

Read more

Спорт

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Албанска спортска новинарка во мини-здолниште и високи потпетици крадеше погледи во Лигата на нации

Читај повеќе