Вечерва во Софија започна 34. Европско првенство во одбојка, а го отворија Бугарија и Македонија во арената „8888“, во Софија. Четвртото учество на европските шампионати, Македонија со започна со очекуван пораз.
Бугарите, второпласирани на последното Светско првенство, славеа за 75 минути игра со 3:0 (25:17, 25:19, 25:18).
Капитенот Никола Ѓоргиев мечот го заврши со 8 поени, по 5 имаа Александар Љафтов и Филип Савовски. Бугарија ја предводеше Александр Николов со 19 поени.
Македонија в петок (15:00 ч.) во второто коло ќе игра против Украина.
Покрај Бугарија, континеталниот шампионат се игра и во Италија, Финска и Романија.