Конорт Мекгрегор (36) последен пат се бореше во јули 2021 година кога загуби од Дастин Поарје откако ја скрши ногата, а исто така загуби од истиот борач шест месеци претходно.

Изминатите четири години ги помина во приватен бизнис, но и на суд, каде беше прогласен за виновен за силување во ноември 2024 година.
Во вторникот, тој сподели видео на X за настанот WrestleMania и го наведе условот под кој ќе се врати на боречките спортови.
„Ќе се вратам само ако се борам на стадион“, напиша ирскиот ММА борач.
I’ll only come back to a stadium. https://t.co/DoE6E3X2jY
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 22, 2025
Имаше опција Мекгрегор да се обиде со BKFC (Bare Knuckle Fight Championship), или бокс без ракавици, кој се смета за најбрутален боречки спорт. Сепак, ниту тоа не се случи, а неговите следбеници сè уште го чекаат неговото враќање.
Откако ги објави условите под кои ќе се врати, Мекгрегор го прозва Мајк Чендлер со кого требаше да се бори на UFC 303 во Лас Вегас минатата година. Натпреварот беше откажан откако Мекгрегор го повреди палецот.
„Незавршена работа“, напиша Мекгрегор покрај името на 38-годишниот Чендлер.
Чендлер ја сподели објавата и напиша: „Незавршената работа се вчитува“.