Италијанката Сара Куртис ја испиша историјата на светското пливање.
19-годишната Италијанка приреди спектакл во полуфиналето на Европското првенство во Париз, поставувајќи нов светски рекорд во дисциплината грбно пливање на 50 метри, неверојатни 26,63 секунди.
Така, Куртис го подобри за 23 стотинки претходниот рекорд на Австралијанката Кејли МекКаун, која исплива 26,86 во октомври 2023 година во Будимпешта.
Ова беше и првиот светски рекорд на овогодинешното Европско првенство во Париз.
Колку беше изненадена од сопствениот резултат најдобро го искажува нејзината реакција веднаш по трката.
Сепак, работата не беше завршена за неа. Финалето беше следниот предизвик, а Куртис имаше можност да го круниса рекордот и да освои медал.
Колку беше доминантна Куртис покажува и фактот што второпласираната Алина Гајфутдинова постигна резултат од 26,91, што е трето најбрзо време во историјата на дисциплината.
Разликата меѓу двете пливачки беше дури 28 стотинки.
Куртис по мајка е Нигеријка, додека татко ѝ Винченцо е Италијанец.