Александр Овечкин одлучи да стави крај на една од најголемите кариери во историјата на НХЛ. Капитенот на Вашингтон Капиталс им кажа на своите соиграчи дека сезоната 2026/2027 ќе биде неговата последна во најсилната хокеарска лига во светот.
41-годишниот Русин ја сподели својата одлука со својот тим во соблекувалната, а Вашингтон подоцна објави видео од моментот на социјалните мрежи, потврдувајќи дека наредните месеци ќе означат проштална турнеја за играчот кој повеќе од две децении е заштитен знак на франшизата од главниот град на САД.
Врската на Овечкин со Капиталс започна во 2004 година, кога клубот го избра како прв пик на драфтот. Но, за да дебитира мораше да чека цела година поради локаутот, а потоа од 2005 стана редовен играч на Вашингтон и израсна во еден од најдобрите хокеари на својата генерација.
Неговиот најголем тимски успех се случи во 2018 година, кога како капитен ги предводеше Капиталс до нивниот прв Стенли куп во историјата на франшизата. Тоа беше моментот кога Овечкин, по години индивидуална доминација, конечно ја заокружи својата кариера со најважниот тимски трофеј.
Alex Ovechkin announced to his teammates this morning that this season will be his final in the NHL https://t.co/wnnnkrIl5U
— Washington Capitals (@Capitals) October 5, 2026
На почетокот на јули Вашингтон го продолжи договорот на рускиот ветеран до сезоната 2026/2027, а сега е јасно дека тоа ќе биде и неговиот последен договор во НХЛ. По повеќе од две децении во истиот дрес, Овечкин ќе се збогува со лигата каде што започна неговата НХЛ приказна.
Во својата НХЛ кариера Овечкин има 1.573 натпревари од регуларниот дел од сезоната плус 161 од плејофот. Има постигнато 929 голови во регуларниот дел и 77 во плејофот, како и 758 асистенции плус 70.
Пред да дојде во Вашпингтон играше 5 сезони за московски Динамо, од кои половина од првата за вториот тим. Во својот матичен тим заигра и во првиот дел од сезоната 2012/2013 кога поради локаут НХЛ започна дури во втората половина на јануари.
Alex Ovechkin addresses the media after announcing that the 2026-27 NHL season — his 22nd — will be his last.
#ALLCAPS | @MedStarHealth https://t.co/kaKKWVjFuN — Washington Capitals (@Capitals) October 5, 2026