нхл 2024/2025

Овечкин го израмни рекордот за голови на големиот Грецки

Напаѓачот на Вашингтон Капиталс ноќеска ги постигна головите број 893 и 894 во победата против Чикаго Блекхокс и сега израмни рекорд што стои 31 година.

Алекс Овечкин му се поклони на Вејн Грецки откако го израмни неговиот рекорд за голови во НХЛ. Сега останува само Овечкин да го помине, а тоа неминовно ќе се случи.

Додека Грецки гледаше од апартман во „Капитал Уан Арена“, Овечкин ги постигна своите 893 и 894 голови за да се израмни со Великиот за најмногу голови во историјата на НХЛ во победата на Вашингтон Капиталс од 5:3 против Чикаго Блекхокс.

Remote video URL

„Сè уште малку се тресам и сè уште не можам да верувам“, рече Овечкин. „Убаво е што моето семејство е тука, мајка ми, жена ми, моите деца, свекорот, многу пријатели дојдоа од многу различни градови. Ова е историја. Одлично е за играта. Одлично е да се прави тоа овде. Посебно е“.

Откако не успеа да реализира повеќекратни шанси доцна во натпреварот за неговиот рекорден 895-ти гол, Овечкин наредно ќе има можност да испише историја кога Вашингтон ќе му гостува на Њујорк Ајландерс во „ЈуБиЕс Арената“ во недела (18:30 часот по македонско време).

„Многу сум горд што сме израмнети“, рече Грецки. „Можам да живеам со тоа уште 24 часа. Сè уште можам да кажам дека сум израмнет на врвот“.

Кога бројачот за голови во аголот на „Капитал Уан Арената“ беше сменет од 892 на 893, Грецки аплаудираше од своето место до комесарот на НХЛ, Гери Бетмен, додека распродадената арена од 18.573 рикаше од задоволство.

Капиталс се рипнаа од клупата за да слават со Овечкин во близина на местото каде што тој постигна гол вториот гол на мечот, а број 894 во кариерата, додека играчите на Блекхокс застанаа и тропаа со нивните стапови во знак на почит заедно со публика која беше во екстаза. Овечкин се илизга до неговиот 6-годишен син Сергеј и свекорот Кирил Шубски, пред да продолжи до сината линија на Чикаго и да им мавне на мајка си Татјана, сопругата Настја и 4-годишниот син Илја, во толпата.

Remote video URL

Потоа се сврте кон апартманот каде што седеше Грецки, покажа кон него и се поклони.

„Секогаш ќе бидам благодарен за тоа и му благодарам на Вејн за тоа како ме поддржува, како секогаш ми дава совети да бидам трпелив, да не се ставам во стресна позиција“, рече Овечкин. „Среќен сум во моментов. Не знам какви ќе бидат моите чувства утре, но во моментов сум среќен“.

Грецки беше сам на врвот на листата на голови во НХЛ откако го постигна својот гол број 802 за да го надмине Горди Хау додека играше за Лос Анџелес Кингс против Ванкувер Канакс во „Грејт Вестерн Форам“ во Лос Анџелес на 23 март 1994 година. Свбојот последен гол број 894 го постигна играјќи за Њујорк Ренџерс проти Њујорк Ајлендерс во „Медисон Сквер гарден“ на 29 март 1999 година, пред да се пензионира на крајот на таа сезона.

„Пред сè, ми беше задоволство да бидам овде“, рече Грецки. „... Ние секогаш зборуваме за нашата игра, играчите кои беа во неа, од Горди Хау, Боби Ор, Марио Лемје, (Марк) Месиер, итн. Па се прашувавме што ќе биде кога тие ќе заминат во пензија? И потоа дојдоа Сидни Крозби и Алекс Овечкин“.

„Алекс беше толку одличен за градот Вашингтон, тој беше толку одличен за Националната хокеарска лига и охрабри толку многу деца во неговата родна земја Русија да го играат спортот хокеј. Тој не беше ништо друго освен шампион“.

Овечкин откри дека Грецки му пратил порака пред натпреварот велејќи „постигни три“, а тој се обидел да го исполни тоа барање, освен тоа што одбил кога тренерот Спенсер Карбери прашал дали сака да оди на мразот за да се обиде да го собори рекордот со гол од празна мрежа, откако Блекхокс го извлекоа Најт за дополнителен напаѓач.

Наместо тоа, откако дебитантот Рајан Лнард постигна гол на празна мрежа за својот прв НХЛ гол во 18:24 за да го зголеми водството на Вашингтон на 5:3, Овечкин ги одигра конечните 1:36 со Најт назад на голот на Чикаго. Овечкин имаше најмалку три добри шанси за гол за време на последната смена, вклучително и шут од отворот кој излета од рамото на Најт и излезе надвор од игра со преостанати 1:15.

Грецки по натпреварот ја посети соблекувалната на Капиталс и се фотографираше со целиот тим. Грецки подоцна се фотографираше со Овечкин, неговите синови и пакот од неговиот 894-ти гол.

„Тоа е посебен момент“, рече Овечкин. „Одлично е за хокејот, одлично е за Вашингтон, одлично е за сите наши фанови да го прават тоа овде во Вашингтон. Забавно е. Забавно е. Секогаш е задоволство да се биде во таа категорија со тие имиња“.

„Ти благодарам Вејн, за поддршката, за љубезноста. Одлично е“.

Грецки ја заврши својата кариера со 894 голови во 1.487 натпревари во текот на 20 сезони во НХЛ. Овечкин, пак, има 894 голови во 1.486 натпревари во текот на неговите 20 сезони во НХЛ, влегувајќи во она што може да биде последниот чин на неговата потера во Њујорк.

„Се гледаме во недела“, рече Грецки.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Останати спортови

Снукерот ќе стане олимписки спорт?

Read more

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Read more

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Read more

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Read more
 

Спорт

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе