По 11 години вегетирање почина боксерот што во контроверзен меч претрпе сериозни повреди на главата

Порториканскиот боксер Причард Колон почина вчера на 33-годишна возраст - речиси 11 години откако падна во кома по контроверзниот меч со Терел Вилијамс.

Смртта на талентираниот боксер ја потврди неговиот татко и поранешен тренер Ричард Колон, преку социјалните мрежи.

„Добро утро, луѓе мои. Со жалење ве известувам за смртта на мојот син Причард од овој земен свет. Тој сега е во подобар свет. Направив сè што е можно за да му ја исполнам желбата, неговиот сон да го однесам на одмор во Порторико, колку и да сакаше, но не успеав. Ви благодарам за сите овие години љубов и молитви. Колку што можете, ве молиме продолжете да нè имате во вашите молитви“, напиша таткото на младиот боксер.

Пред неговата озлогласена борба со Терел Вилијамс во 2015 година, Колон имаше скор од 16-0 (13 нокаути) во рингот и се сметаше за голема надеж на порториканскиот бокс.

Откако веќе освои титули во аматерските категории, Порториканецот беше на добар пат да си создаде име меѓу професионалците.

За жал, не доживеа да го види целиот потенцијал на својот талент, бидејќи во она што се покажа како последен натпревар во неговата кариера, претрпе тешка повреда на главата поради која остана во вегетативна состојба до крајот на животот.

Имено, за време на натпреварот со Вилијамс, Колон бил повеќе пати удиран со (нелегални) удари во задниот дел од главата, што довело до сериозни повреди на главата и крварење во мозокот.

Порториканецот неколку пати го информираше судијата за тоа што се случува во рингот, но борбата продолжуваше секој пат, додека судијата само еднаш му одзеде поен на Американецот.

Борбата на крајот заврши во деветтата рунда поради грешка на тренерот на Причард Колон, кој ги извади ракавиците на боксерот без да знае дека мечот не е завршен и дека има уште една рунда до крајот, што доведе до дисквалификација.

Се испостави дека Колон не можел да оди подалеку од таа рунда, бидејќи младиот боксер набрзо се струполил.

На пат кон соблекувалната, Порториканецот се онесвестил и бил итно префрлен во болница, каде што му бил дијагностициран субдурален хематом.

Набрзо бил подложен на операција за намалување на отокот на мозокот и отстранување на хематомот, по што поминал 221 ден во кома.

Кога младиот боксер се разбудил од кома, останал во вегетативна состојба. Не можел да комуницира без помош на компјутер, а неговото семејство било загрижено за неговиот живот.

Инаку, Колон важеше за многу перспективен боксер со светла иднина. Најголем белег остави во категориите до 64 и 69 килограми. Во професионалните води влезе во 2013 година, покажувајќи на почетокот од кариерата дека е сериозен талент, бидејќи постигна 16 победи за само две години.

И потоа се случи озлогласената борба со Вилијамс...

Вилијамс: Не се обвинувам себеси за ништо

„Се молам за Причард секој ден. Тоа никогаш нема да се промени. Му посакувам само мир и здравје... Никогаш намерно некого не би повредил така... Не се обвинувам себеси за ништо. Се молев за сето ова. Му посакувам на тој млад човек сѐ најдобро. Ова е тешка ситуација за мене, но и за семејството на Колон.“

Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Останати спортови

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Read more

Авиони прелетаа 15 метри над стадион среде натпревар

Read more

Волшебна ноќ во Цирих: Паднаа два светски рекорди

Read more

Пред својот дом убиен боксерот Тете, носителот на најбрза победа со нокаут

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе