Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Рускиот министер за спорт и претседател на Рускиот олимписки комитет, Михаил Дегтјарев, изјави дека Русија е подготвена да организира трети Олимписки игри. Во интервју за ТАСС најави дека Москва повторно ќе поднесе кандидатури за организација на летните и зимските Олимписки игри.

Тој нагласи дека Русија веќе двапати покажала дека може да организира натпреварувања „на највисоко ниво“. Според него, земјата наскоро ќе ги обнови односите со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), потенцирајќи го руското гостопримство и развиената инфраструктура.

„Луѓето сѐ уште се сеќаваат на Светското првенство во фудбал во Русија. Се сеќаваат колку Русија беше гостопримлива, како луѓето се забавуваа и навиваа во Москва, Екатеринбург, Казан, Волгоград, Калининград и други градови“, рече Дегтјарев.

Според него, олимпиското движење треба да ги обединува луѓето и не треба да постојат никакви бојкоти.

„Во 1980 година нам ни објавија бојкот, а подоцна и ние бојкотиравме. Сето тоа беше погрешно, исто како што е погрешна и денешната дискриминација врз нашите спортисти врз основа на националност. Тоа треба да престане“, додаде тој.

Претходно беше објавено дека руските гимнастичари и судии се враќаат на меѓународните натпреварувања, но ќе настапуваат под неутрален статус.

Руските спортисти во моментов немаат право да настапуваат на Олимписките игри под името, знамето или химната на Русија поради санкциите воведени по инвазијата врз Украина. Сепак, во ограничен број и под строги услови, одредени руски спортисти може да се натпреваруваат како Индивидуални неутрални спортисти, како што беше случајот на Игрите во Париз минатата година.

За да добијат дозвола за учество, не смеат да имаат никаква поврзаност со руската војска или безбедносните служби, не смеат јавно да ја поддржуваат руската агресија врз Украина и мора да поминат процес на проверка од страна на ИОК.

Олимписките игри во Русија досега се одржале двапати: летните во Москва во 1980 година и зимските во Сочи во 2014 година.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Останати спортови

Почина великанот Алекс Ѕанарди

Read more

11-те олимписки медали не ѝ се доволни: Феликс се враќа од пензија за Олимпијадата во Лос Анџелес

Read more

Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

Read more

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе