Снукерот ќе стане олимписки спорт?

Светската професионална билијард и снукер асоцијација (WPBSA) сака снукерот да стане олимписки спорт од Игрите во Бризбејн во 2032 година.

Иницијативата доаѓа откако Кинезот Жао Синтон, кој ја освои светската титула во Шефилд, каде што го победи трикратниот шампион Марк Вилијамс со 18-12 во финалето на светското првенство. Претходно во полуфиналето го победи седумкратниот шампион Рони О’Саливен.

Оваа победа му донесе награда од 500.000 фунти, а според проценките, натпреварот го следеле околу 150 милиони гледачи во Кина.

Земјата, која има повеќе од 300.000 сали за снукер, доживеа вистински бум во спортот, што WPBSA сака да го искористи за да го воведе снукерот на Олимписките игри, можеби уште на Игрите во Бризбејн во 2032 година.

„Со оглед на големината на снукерот денес и колку Кина значи за Меѓународниот олимписки комитет, мора да се каже дека сега е вистинското време за снукер. Учеството на Олимписките игри би било пресвртница. Параолимписките игри се исто така можност. Верувам дека Бризбејн е реална цел“, рече претседателот на WPBSA, Џејсон Фергусон.

Успехот на Жао доаѓа откако тој отслужи 20-месечна суспензија поради вмешаност во скандалот со наместени натпревари, кој фрли сенка врз кинескиот снукер, при што вкупно десет играчи од земјата беа суспендирани.

„Ова е еден од најголемите моменти што ги доживеал снукерот. Во Кина, снукерот се третира како национален спорт. Враќањето на светскиот шампион во Кина како национален херој ќе го подигне снукерот на повисоко ниво“, додаде Фергусон.

Тагови
реклама

Останати спортови

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Read more

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Read more

Неуништливата Вон со 41 година славеше во Сент Мориц и влезе во скијачката историја

Read more

Реалност или лудост: Џејк Пол планира да го нокаутира Џошуа пред седмата рунда

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе