Случајот со Томазо Џакомел, освојувачот на второто место во масовната трка од 15 километри во мешаното штафетно натпреварување во биатлон на неодамна завршените Зимски олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, ја потврдува старата мудрост за животот како мешавина од мед и пелин, бидејќи веднаш по натпреварот бил однесен на операција на срце.
Италијанската федерација за зимски спортови ја информираше јавноста за извршениот хируршки зафат на срцето на 26-годишниот спортист, со оптимистичко тврдење дека штетата е санирана, односно аритмијата е корегирана, додека самиот тој го опиша ужасот што го доживеал на патеката.
„Веднаш по второто гаѓање додека лежев, моето тело некако престана да функционира нормално и се мачев да дишам и да се движам, па морав да престанам. Тоа беше најлошото чувство што некогаш сум го доживеал. Се обидов да скијам многу бавно, но моето тело ниту тоа не ми дозволуваше да го правам“, рече Италијанецот.
Се очекува да биде отпуштен од болница денеска (четврток), по што ќе му бидат направени проверки и тестови за да се утврди дали и кога може да се врати на тренинзите и натпреварите. Џакомел моментално е втор во вкупниот пласман на Светскиот куп во својот спорт.
Tommaso Giacomel undergoes heart surgery after dropping out of Olympic race he was winning https://t.co/zcAxMf6xp7 pic.twitter.com/xJnGk2WuBu
— New York Post (@nypost) February 24, 2026