Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Со особена чест и во знак на препознавање на извонредните достигнувања на жените во спортот, Македонскиот олимписки комитет ја најавува петтата јубилејна церемонија на доделување на наградите Златна Олимпија, која ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

Овој настан е посветен на жените кои ги поместуваат границите на извонредноста, инспирирајќи ги идните генерации спортисти и спортистки. Тој е и приликаa да се зборува гласно за жените во спортот и да им се даде заслуженото внимание, истакнувајќи ги нивните успеси, посветеноста и влијанието што го имаат во општеството.

На свечената церемонија ќе бидат доделени награди во следните категории:

  • Најдобар женски национален тим за 2025 година
  • Најуспешна спортска работничка за 2025 година
  • Најнадежна млада спортистка за 2025 година
  • Најуспешна тренерка за 2025 година
  • Најуспешна судијка за 2025 година
  • Спортски подвиг за 2025 година
  • Признание за животно дело
  • Најуспешна спортистка за 2025 година
  • Најуспешна федерација во унапредување на родовата еднаквост за 2025 година
  • Најуспешна спортска медиумска работничка за 2025 година
  • Најуспешна спортиска со попреченост за 2025 година
  • Женско лидерство и унапредување на родовата еднаквост

На свеченоста ќе бидат присутни врвни спортски имиња, личности од јавниот живот, амбасадори, поддржувачи на македонскиот спорт и медиумски претставници, во атмосфера на празнична елеганција. Петтото издание на Златна Олимпија ја потврдува својата улога како водечка платформа за препознавање на извонредноста на жените во спортот, одбележувајќи не само нивните успеси туку и нивниот пример како инспирација за сите.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Останати спортови

Авиони прелетаа 15 метри над стадион среде натпревар

Read more

Волшебна ноќ во Цирих: Паднаа два светски рекорди

Read more

Пред својот дом убиен боксерот Тете, носителот на најбрза победа со нокаут

Read more

Ислам Махачев извика среде Америка: Ние Русите сме број еден!

Read more

Спорт

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе