ЕХФ пресече: Алкалоид го освои Европскиот куп!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе официјална одлука со која РК Алкалоид е прогласен за победник на Европскиот куп за сезоната 2024/25.

Оваа одлука следеше по неиграњето на реванш натпреварот во Скопје, каде што грчкиот тим АЕК одби да излезе на теренот, и покрај тоа што натпреварот беше закажан и сите организациски услови беа исполнети. Причината за нивното отсуство беше поврзана со барањата на нивните навивачи, од кои голем број пристигнаа во Скопје без билети, и не им беше дозволен влез во салата „Борис Трајковски“ поради безбедносни причини и ограничен број на влезници за гостинските фанови.

Според пропозициите на ЕХФ, доколку еден тим одбие да настапи на закажан натпревар, противникот го добива мечот со службен резултат од 10:0, а во случај на финале автоматски ја освојува и титулата. Така, по победата на Алкалоид во првиот натпревар во Атина (29:25), македонскиот тим со службени 10:0 ја доби и реванш средбата и со две победи го освои својот прв европски трофеј.

ЕХФ во своето соопштение нагласи дека одбивањето на АЕК да настапи е спротивно на правилата и дека клубот сноси одговорност за прекршувањето на регулативите. Одлуката е конечна во однос на натпреварувањето, а евентуалните жалби нема да имаат суспензивно дејство. Дополнително, се најавуваат и дисциплински постапки против АЕК во врска со одбивањето да се игра и евентуалните штети.

„Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 25-29. РК Алкалоид е затоа победник на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула. Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство. Одлуката што се разгледува само ги опфаќа аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек. РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена“, се наведува во соопштението.

Со овој успех, РК Алкалоид, клуб основан пред само четири години, влезе во историјата на македонскиот ракомет како петти европски трофеј за македонските клубови, по успесите на Кометал Ѓорче Петров и Вардар. Алкалоид на патот до титулата имаше само еден пораз во 12 натпревари, а оваа победа е голем поттик за македонскиот клупски ракомет.

реклама

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Ракомет

Алкалоид доби германски противник во квалификациите за Европската лига

Read more

Нови ракометни правила: Топката се намалува и се забранува лепакот?

Read more

Земја со помалку жители од Битола станува ракометна сила: Освоија нов медал

Read more

Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе

Маурицио Сари примен во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде исчезна Чеферин?

Читај повеќе

Дали ни е потребна американизација на фудбалот? Првиот обид не успеа, сега доаѓа најлошото

Читај повеќе