Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп. В недела, Алкалоид ќе го пречека АЕК во финалниот реванш. Натпреварот ракометарите на Алкалоид ќе го запопнат со предност од 4 гола, откако минатата недела во Атина го добија првиот натпревар со 29:25.

„Сакам да се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона на овој европски пат. Стигнавме до финале кое е многу значајно за нашиот клуб, но и за целокупниот македонски ракомет. Одигравме одличен натпревар во Грција, слободно можам да кажам резултатски и неочекуван. Имаме одлични +4, момците беа на висина на задачата, тоа што го договаравме го исполнија и со голема предност влегуваме во реваншот.

Од една страна секогаш сум претпазлив знаејќи го нашиот менталитет, ако се знае дека дури 19 играчи од нашиот ростер се Македонци… но, од друга страна, чувствувајќи ја атмосферата на два дена до натпреварот, треба малку порелаксирано да влеземе во реваншот. Мораме да уживаме… како играч имам одиграно многу финалиња и повеќе ги имам загубено отколку победено (говорам за финалиња од ЛШ), мислам дека тоа искуство ми е драгоцено за да ја подготвиме соодветно екипата. Не сакам играчите да бидат под никаков притисок, не се сомневам дека в недела ќе го дадат најдоброто од нив.

Нашиот систем функционира, имаме и одредени слабости, не сакам да се навраќам дека ни недостигаат четири до пет важни играчи во вториот дел од полусезоната. Се надевам дека особено младите играчи нема да бидат премногу импресионирани и дека ќе знаеме да се справиме со тој позитивен притисок“, рече тренерот на Алкалод, Кирил Лазаров.

На новинарите им се обрати и еден од хероите на победата во Атина, голманот Иван Галевски. 20-годишникот е еден од хероите на победата во Атина, во вториот дел успеа да одбрани 5 од шесте седмерци.

„АЕК е една искусна и доста квалитетна екипа, со играчи етаблирани во светскиот ракомет. Иако имаме +4, нема да биде воопшто лесно, затоа што знаеме каква екипа доаѓа во Скопје. Имаме позитива која ја немавме на гостински терен, тоа е нашата публика. Знам дека ако сме добри, ако го спроведеме тоа што ни кажува тренерот, можеме да се радуваме и да освоиме европски трофеј што не е мала работа за нас, за клуб кој постои четири години.“

Натпреварот ќе се одигра в недела, во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20:30 часот.

реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Ракомет

ЕХФ пресече: Алкалоид го освои Европскиот куп!

Read more

Најдобриот дефанзивец на шпанската лига го засили Охрид

Read more

ЕХФ уште нема одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК

Read more

Мукаетов: ЕХФ да одлучи според важечките спортски правилници

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе