Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото ЕХФ ЕУРО 2034, соопшти РФМ.

Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет.

Сите три федерации ја истакнуваат својата целосна подготвеност во процесот на кандидатурата и евентуалната организација на првенството во целост да ги почитуваат правилата и насоките на Европската ракометна федерација (ЕХФ), како и да ги исполнат сите неопходни организациски, инфраструктурни и други услови за одржување на натпреварувањето на највисоко ниво.

„За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ракометните федерации на Србија и Словенија, учествува во заедничката кандидатура за организација на машкото ЕХФ ЕУРО 2034“, вели Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и додава:

„Верувам дека сите три федерации, со своето богато искуство, капацитети и ракометна традиција, ги имаат сите предуслови да одговорат на барањата и стандардите на Европската ракометна федерација и успешно да организираат Европско првенство на највисоко ниво.

Македонија е ракометна земја. Ракометот со децении е длабоко вкоренет во нашата спортска традиција и историја, создавајќи генерации успешни ракометари и ракометарки. Со својата популарност, како и со резултатите остварени на европско и светско ниво, слободно можам да кажам дека ракометот е спорт број еден во Македонија и дека тоа останува така.

За нас оваа кандидатура е можност за уште еден голем исчекор и потврда дека Македонија има капацитет да биде дел од организацијата на најголемите европски ракометни настани. Се надеваме дека нашата заедничка кандидатура ќе ја добие довербата и дека во 2034 година, заедно со Србија и Словенија, ќе бидеме успешни домаќини на ЕХФ ЕУРО.“

Претседателот на Српскиот ракометен сојуз, Божидар Ѓурковиќ, вели: „По низата состаноци и договори што ги постигнавме, дојде моментот сите три федерации официјално да поднесат заедничка кандидатура за организација на ЕУРО 2034. Верувам дека сите три федерации имаат организациски капацитети, искуство и човечки ресурси едно вакво големо натпреварување да го организираат на највисоко ниво. Нашата кандидатура ја опфаќа целокупната инфраструктура потребна за организација на првенството, од спортски сали, хотели и сите останати сегменти неопходни за одржување на едно големо меѓународно натпреварување. Верувам дека нашата заедничка кандидатура ќе биде најсериозна. Во овој момент е тешко да се зборува за тоа дали ќе има и други кандидатури и каква ќе биде конечната одлука на EHF, но она што можам да го кажам е дека со заеднички сили ќе направиме сè за нашата кандидатура да ја претставиме на најдобар можен начин и да му покажеме на EHF дека сме најдоброто решение за организација на еден толку голем настан.“

Свое видување даде и Претседателот на Ракометниот сојуз на Словенија, Бор Розман:

„Желбата на ракометните федерации на Словенија, Србија и Македонија е со заеднички сили да го организираме машкото Европско првенство 2034, бидејќи веруваме дека за еден таков проект имаме многу знаење, искуство, квалитетна инфраструктура и, пред сè, силна ракометна традиција.

Пред Европската ракометна федерација ја изразивме нашата заедничка намера, а пред нас е период во кој сите три федерации тесно ќе соработуваат и заеднички ќе ги вложат сите неопходни напори за да подготвиме квалитетна и конкурентна кандидатура.

Нашата цел е пред ЕХФ да претставиме проект кој ќе покаже дека можеме да организираме Европско првенство на највисоко ниво и на репрезентациите и навивачите да им понудиме одлични услови.

Сите три федерации се подготвени да соработуваат како меѓусебно, така и со сите надлежни институции и градови кои ќе бидат вклучени во проектот, бидејќи тој далеку ги надминува рамките на спортот и на земјите домаќини и градовите им носи бројни позитивни ефекти, за кои верувам дека сите заедно ќе ги искористиме на најдобар можен начин.

Секако, имаме и високи натпреварувачки цели, за што имаме основа во актуелните резултати на сениорската репрезентација, како и на младинските и кадетските селекции ова лето. За многу нивни членови, за осум години ќе биде вистинското време да блеснат и на сениорската сцена.“

ЕУРО 2028 ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија, ЕУРО 2030 во Чешка, Данска и Полска, а ЕУРО 2032 во Франција и Германија.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Ракомет

Скопје избран за домаќин на Медитеранските ракометни игри 2027

Read more

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Read more

Пролет остана без генерален спонзор и се повлече од Супер лигата

Read more

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе