ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2025

Најдобриот дефанзивец на шпанската лига го засили Охрид

ГРК Охрид продолжува да го проширува списокот на сериозни засилувања за следната сезона.

Најдобриот дефанзивец на лигата Асобал, Ориол Реј Моралес, пристигнува на бреговите на Охридското Езеро по одличните сезони во дресот на Гранољерс, со кој ја освои вицешампионската титула оваа сезона зад клубот чии бои веќе ги носеше - големата Барселона од чија школа потекнува. Шпанецот, кој ќе ја комплетира дефанзивната формација на новиот тренер Борис Ројевиќ, ги помина последните пет сезони во Гранољерс, откако пристигна од Франција каде што го носеше дресот на Екс и Ница.

31-годишниот дефанзивец играше во Барселона до 2017 година.

„Возбуден сум што сум дел од еден нов неверојатен проект. Се надевам дека ќе ги постигнеме сите цели што ќе бидат поставени“, рече Реј во пораката до навивачите на Охрид.

Пред неколку дена, од страна на Охрид беше објавен трансферот на српскиот интернационалец, левиот бек Стефан Петриќ, кој пристигнува од скопски Вардар.

Пред него, договор со новиот член на „големата четворка“ на македонскиот ракомет потпишаа Тилен Стрмљан, Анте Иванковиќ, Предраг Вејин, Николас Лиапис...

Охрид на два натпревара до крајот на македонската Суперлига се бори да го задржи четвртото место, а има големо заостанување зад првите три.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Ракомет

Алкалоид доби германски противник во квалификациите за Европската лига

Read more

Нови ракометни правила: Топката се намалува и се забранува лепакот?

Read more

Земја со помалку жители од Битола станува ракометна сила: Освоија нов медал

Read more

Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе

Маурицио Сари примен во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде исчезна Чеферин?

Читај повеќе

Дали ни е потребна американизација на фудбалот? Првиот обид не успеа, сега доаѓа најлошото

Читај повеќе