
Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026. Вчера завршија квалификациите завршија преку кои 20 екипи го освоија своето место на финалниот настан, додека домаќините Данска, Норвешка и Шведска и бранителот на титулата Франција имаа директно пласман.
Победниците од осумте квалификациски групи, заедно со екипите што имаа директно пласман, ќе бидат во првите две силни групи, додека осумте второпласирани и четирите третопласирани екипи од квалификациите ќе бидат во третиот и четвртиот барабан. Националните екипи ќе бидат поделени во шест групи од по четири.
Учесници на Европското првенство во ракомет:
Директна квалификација: Данска, Норвешка, Шведска, Франција
Победници на квалификациските групи: Словенија, Унгарија, Исланд, Шпанија, Хрватска, Фарски Острови, Германија, Португалија.
Второпласирани екипи во квалификациите: Македонија, Црна Гора, Грузија, Србија, Чешка, Холандија, Австрија, Полска.
Четири најдобри третопласирани екипи: Романија, Италија, Швајцарија, Украина.