Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Во конкуренција на Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап на Светското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија.

Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука.

Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија.

Жрепката за Светското првенство ќе се одржи в среда во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.

Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион.

Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место за да избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот.

Секој барабан има по 8 репрезентации кои ќе бидат поделени во 8 групи, секоја со по 4 репрезентации. Европските репрезентации од првиот барабан, како и две од вториот се веќе одредени во кои групи ќе се натпреваруваат.

Барабан 1

Данска (Г)
Германија (А)
Хрватска (Ц)
Исланд (Х)
Португалија (Ф)
Шведска (Е)
Египет
Аргентина

Барабан 2

Франција (Д)
Словенија
Норвешка
Србија
Шпанија

Италија (Б)
Фарски Острови
Македонија

Барабан 3

Грција
Полска
Бразил
Бахреин
Тунис
Зелен 'Рт
Чиле
САД

Барабан 4

Катар
Кувајт
Јапонија
Алжир
Ангола
Уругвај
Турција
Саудиска Арабија

Светското првенство 2027 ќе се игра од 13 до 31 јануари во 6 градови низ Германија, и тоа: Келн, Минхен, Кил, Хановер, Магдебург и Штутгарт.

Дебитант е само репрезентацијата на Фарски Острови.

реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Ракомет

Пролет остана без генерален спонзор и се повлече од Супер лигата

Read more

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Read more

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Read more

Лино Червар: Кире Лазаров е најдобар играч на сите времиња

Read more

Спорт

  • play_arrow

Ибра за коментаторската „тезга“: Прв и последен пат

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто интернетот одеднаш го хејта Меси?

Читај повеќе

Фабио Куартараро ќе вози за Хонда

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонските лавови од Престон со епски пресврт го исфрлија Њукасл Џетс од Купот на Австралија

Читај повеќе

Модриќ е на чекор до историски рекорд во дресот на Милан

Читај повеќе

Меси: Болката е огромна… Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Читај повеќе

Познато е зошто Чеферин го бојкотираше финалето на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Олмо за однесувањето на Аргентинците: Освен Меси, другите чекаа причина за да се тепаат

Читај повеќе

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Читај повеќе