ЕХФ ЕУРО 2026 ДАНСКА/НОРВЕШКА/ШВЕДСКА

Ракометарите ја победија Романија, но само со еден гол разлика

Македонија ја совлада репрезентацијата на Романија во последниот натпревар од групната фаза, но не со посакуваната разлика. Сепак, крајниот пласман ќе го одлучи вечерашниот дуел на Данска и Португалија.

Македонија водеше во текот на целиот натпревар, а разликата варираше од +2 до +5. На полувреме се замина со водство од четиро разлика, односно 13:9. Во вториот дел прво разликата се одржуваше, за потоа постепено да почне да се намалува и во 56. минута Романците прв пат да израмнат (22:22). Потоа дури имаа и напад за водство во 57. минута, но напаѓајќи Штефан Компаничи со лакт го удри в лице Павле Атанасијевиќ и доби црвен картон.

На почетокот од последната минута Кузмановски реализираше пенал за 23:22. Романците имаа напад со играч помалку, се одлучија да играат без голман, постигнаа гол за 23:23, но Македонците веднаш отидоа во напад и на секунда пред крајот Ненад Костески постигна гол за победа (24:23).

Филип Кузмановски со 9 голови беше најефикасен на натпреварот, а 8 постигна Јонуц Нистор. Мартин Томовски имаше 5 одбрани, Никола Митревски 2, а со 10-те одбрани Михаи Попеску беше прогласен за играч на натпреварот.

Со обезбедувањето на третото место во групата Македонија избори мундијалски бараж од второто коло, додека Романија како последнопласирана ќе игра од првото коло.

Од 20:30 часот домаќинот Данска против Португалија ќе го комплетира последното коло во групната фаза од нашата група. За пласман во наредната фаза Македонија ќе се надева дека Данците ќе победат со дури 18 голови разлика.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Ракомет

Скопје избран за домаќин на Медитеранските ракометни игри 2027

Read more

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Read more

Пролет остана без генерален спонзор и се повлече од Супер лигата

Read more

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе