Рубен Гарабаја ќе го предводи Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер има нов тренер. Откако спогодбено се раздели со тренерот Раул Алонсо, кој ја освои титулата со клубот од Битола, клубот на неговото место го донесе Рубен Гарабаја Аренас.

Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 голови и освои светска титула во Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 и од Мундијалот во Шведска во 2011.

Рубен Гарабаја доаѓа од покраината Астурија, кариерата ја започна во Адемар Леон (освои Куп на Кралот и ЕХФ Куп на купови), играше за Фригорификос де Морсзо и Ваљадолид, за 2007 година да го облече дресот на Барселона.

Со Барса освои три АСОБАЛ лиги, два Купа на Кралот, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009/2010.

Од 2010 до 2018 година настапуваше за Натурхаус Ла Риоха од Логроњо, клуб во кој ја заврши играчката и ја започна тренерската.

Гарабаја со тренерската работа започна да се занимава во Логроњо како асистент тренер во 2018 година. Три години остана во Натурхаус Ла Риоха и го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина.

Во 2021 година на покана на Роберто Гарсиа Парондо (поранешен тренер на Вардар) стана асистент тренер во египетската репрезентација. Во овој период од две години освои злато од шампионатот на Африка и сребро од Медитеранските игри.

Во 2022 година почна самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, каде што работеше сѐ до повикот од Битола.

Тагови
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Ракомет

ЕХФ ги исфрли Николов и Начевски од ЕУРО, манипулирале со фитнес тестовите

Read more

РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година

Read more

Пролет се раздели со тренерот Матлиески

Read more

Ракометна револуција: Се проширува Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе