Бекер: Од две причини Федерер му беше непријател на Ѓоковиќ

Макфакс/Кајгана
/ 25.09.2025 / 20:32

Борис Бекер е една од најголемите легенди на Вимблдон, тој е и негов најмлад шампион во историјата, а тоа искуство можеше да му го пренесе на Новак Ѓоковиќ на најдобар начин.

Кога Германецот стана тренер на Ѓоковиќ, кон крајот од 2013 година, Србинот имаше една титула на Вимблдон (2011), но и два болни порази. Првиот беше во полуфиналето во 2012 година против Роџер Федерер, во кој Швајцарецот речиси рутински победи со 6:3, 3:6, 6:4, 6:3, а вториот беше уште потежок во финалето во 2013 година против Енди Мареј, кога не освои ниту еден сет, иако имаше многу шанси.

Истото може да се каже и за елиминацијата од Британецот во полуфиналето на ОИ на Вимблдон 2012, како и за неуспехот во борбата за бронзениот медал против Хуан Мартин дел Потро.

Овие порази беа решавачки во одлуката Ѓоковиќ да го изненади целиот свет и да го покани Бекер да му биде тренер. Соработката веднаш вроди со плод. Новак ги освои следните две титули на Вимблдон, двата пати во финалето го победи Роџер Федерер, најуспешниот шампион на овој турнир во историјата со 8 трофеи. Федерер никогаш повеќе не го победи Ѓоковиќ на Вимблдон.

„Роџер беше најголемиот непријател на Новак на Вимблдон од две причини. Прво, затоа што знаеше како да игра на трева, и второ, затоа што публиката го обожаваше. Морав да му објаснам на Ѓоковиќ дека луѓето на трибините не се против него, туку се за Федерер, и дека не треба да го сфаќа премногу сериозно, туку да најде начин да ги натера тие луѓе да го сакаат“, објасни тој во емисијата „High Performance“ на YouTube.

Можеби Новак не успевал секогаш да го прифати овој совет, имаше жестоки реакции на сметка на публиката, но тоа веќе не е случај.

„Мило ми е што на крајот успеа да ја добие почитта на целиот свет што ја заслужува. Успеа да се справи со сите предизвици, да освои 24 грен слем титули, да ги сруши сите можни рекорди, а сето тоа го должи на својот карактер и личност.“

реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Тенис

Родителите на Синер одбиле да седат во Кралската ложа на Вимблдон

Read more

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Read more

Четири години суспензија за поранешната шампионка на Вимблдон

Read more

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Read more

Спорт

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Читај повеќе

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Читај повеќе

Шокантни детали од судењето: Марадона умирал во агонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Нестварен светски рекорд на Сара Куртис

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Брајан Маџо? Најмладиот стрелец во УЕФА Суперкупот поради кој Астон Вила се судеше со ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси сепак брзо се врати во игра по смртта на татко му

Читај повеќе
  • play_arrow

Дрезден воведе револуција во Германија: Динамо им забрани на инфлуенсерите пристап на стадион

Читај повеќе
  • play_arrow

Дуе не ги крие амбициите на Светците: Целта сезонава е да освоиме сè

Читај повеќе

Роналдо до Меси: Голема прегратка

Читај повеќе