Четири години суспензија за поранешната шампионка на Вимблдон

Макфакс/Кајгана
/ 23.06.2026 / 14:29

Поранешната шампионка на Вимблдон, Маркета Вондроушова, се соочи со една од најстрогите казни во нејзината кариера, откако Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) ѝ изрече четиригодишна суспензија поради одбивање на допинг тест.

На 3 декември 2025 година чешката тенисерка одби да се подложи на тестирање, а за време на постапката не успеа да обезбеди доволно убедливи аргументи за да докаже дека не ги прекршила антидопинг правилата.

Според одредбите на Светскиот антидопинг кодекс и Програмата за антидопинг во тенисот, одбивањето или избегнувањето на давање примерок се третира на ист начин како позитивен наод, освен ако не се докажат посебни околности што би ја оправдале таквата постапка.

Трибуналот заклучи дека Вондроушова ги прекршила прописите, поради што е суспендирана 4 години. За време на суспензијата, таа нема да може да учествува на ниту еден професионален турнир, ниту на никаква активност организирана под покровителство на тениските институции.

Казната стапува на сила од датумот утврден од трибуналот, додека сите резултати постигнати по моментот на прекршокот ќе бидат поништени, заедно со паричните награди и освоените спортски награди. За време на постапката, Вондроушова ја изнесе својата верзија на настаните.

„Инспекторите дојдоа на мојата врата среде ноќ, не се претставија според прописите и не ги пуштив внатре. Во последните месеци бев под голем стрес поради разните закани што ги добивав преку социјалните мрежи“, рече Маркета Вондроушова.

26-годишната Чехинка ќе има 30 години кога ќе може да се врати на официјалните натпреварувања. Освен доколку во меѓувреме суспензијата не ѝ биде намалена. Вондроушова има право на жалба.

Оваа тенисерка триумфираше на Вимблдон во 2023 година, а играше финале на Ролан-гарос во 2019.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Тенис

Сабаленка за само 53 минути стигна до третото коло на УС Опен, па „распали“ на прес-конференција

Read more

Венус Вилијамс го заврши настапот на УС Опен со пораз во првото коло 

Read more

Ѓоковиќ за прв пат елиминиран во првото коло на УС Опен: Повраќаше, плачеше и се повреди

Read more

Мухова и Меншик победија во мешани двојки на УС опен

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе