Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер: Во мене уште гори тој оган

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (38) пристигнува на Индијан Велс подготвен да се натпреварува, за прв пат откако стигна до финалето на Австралија Опен, и потврди дека сè уште е моќна сила на најголемите светски сцени.

Во Мелбурн, Ѓоковиќ го победи двократниот шампион Јаник Синер во пет сета, пред да загуби од светскиот број еден Карлос Алкарас во мечот за титулата.

„Беше неверојатен почеток на годината. Со оглед на тоа што не успеав да стигнам до финалето на Грен слем од Вимблдон 2024 и дека минатата година загубив или од Синер или од Алкарас на сите Грен слем турнири, беше неверојатно чувство да го победам Синер во еден од најепските натпревари што сум ги одиграл во последно време. Потоа имав уште еден одличен натпревар со Карлос, кој на крајот беше премногу добар“, рече Ѓоковиќ на прес-конференција пред турнирот.

Тој истакнува дека тоа било доволно за залет.

„За мене, ова е феноменален резултат. Докажав, прво на себе, а потоа и на другите, дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и ги победувам тие момци. Мојата логика е - зошто да не продолжам сè додека во мене уште гори тој оган, страст, квалитет и мотивација“, додаде тој.

Петкратниот шампион на Индијан Велс ќе се обиде да го надмине Роџер Федерер по бројот на освоени титули во историјата на овој турнир.

„Имав многу успех на овој турнир. Ова отсекогаш ми бил еден од омилените турнири поради одличното време, условите, локацијата и близината до Лос Анџелес, еден од најубавите градови, како и историјата на самиот настан. Навистина е 'тениски рај' овде, како што со право го нарекуваат“, рече Ѓоковиќ.

Патем, Ѓоковиќ е трет носител, а турнирот започнува против Полјакот Камил Мајчржак или силниот сервер Џовани Мпетши Перикардо.

реклама

Тенис

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Read more

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Read more

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Спорт

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ: Прв пат чувствувам срам

Читај повеќе