Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонски Sport откри кога ќе ја заврши својата импресивна кариера. 

Освојувачот на рекордни 24 Грен слем титули и 40 мастерс титули ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека ова е круната на неговата кариера.

На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности.

Денес, не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не ни приближно толку колку што сум имал во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во животот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат.

Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го променив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе можам да го направам тоа тоа до следните Олимписки игри и да ја завршам кариерата со српското знаме на рамената.“

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Тенис

Сабаленка за само 53 минути стигна до третото коло на УС Опен, па „распали“ на прес-конференција

Read more

Венус Вилијамс го заврши настапот на УС Опен со пораз во првото коло 

Read more

Ѓоковиќ за прв пат елиминиран во првото коло на УС Опен: Повраќаше, плачеше и се повреди

Read more

Мухова и Меншик победија во мешани двојки на УС опен

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе