АТП АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2026

Музети доминантно водеше со 2:0 против Ѓоковиќ, а потоа го предаде мечот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (4. АТП) се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако утрово Италијанецот Лоренцо Музети (5. АТП) му го предаде четвртфиналниот дуел.

Remote video URL

Мечот заврши по траење од точно два часа, а резултатот беше 6-4, 6-3, 1-3 во корист на 23-годишниот Италијанец пред дуелот да биде прекинат.

Два брејка беа видени веднаш на почетокот на натпреварот, а лошиот сервис на Ѓоковиќ во првиот сет Музети го искористи во петтиот гем кога го зеде вториот брејк во првиот сет. Потоа двајцата ги консолидираа своите сервиси, а Италијанецот без многу проблеми поведе во сетови.

Скоро идентично беше на почетокот на вториот сет. Музети повторно освои два брејка на првите два сервиса на Ѓоковиќ, кој не пружи значаен отпор, па Италијанецот се приближи до победата, бидејќи имаше водство од 2:0 во сетови.

Сепак, во третиот сет следуваше шок. Музети го отвори добро, поведе со 1-0, а потоа целосно запре поради повреда.

Ѓоковиќ прво направи брејк, потоа водеше со 3-1, а потоа Музети одлучи да не го продолжи мечот поради повреда на ногата.

Remote video URL

Така Ѓоковиќ иако беше на прагот на елиминација замина во полуфиналето, каде ќе игра против победникот од мечот помеѓу Бен Шелтон (7. АТП) и Јаник Синер (2. АТП). Нивниот четвртфинален судир е закажан за денеска во 9:15 часот по македонско време.

Ѓоковиќ и во осминафиналето победи службено, тогаш без воопшто да игра оти Чехот Јабуб Меншик (17. АТП) поради повреда не можеше да настапи.

„Не знам што да кажам. Жал ми е за него, беше далеку подобар, јас одев кон елиминација. Не знам што да кажам, вакви работи се случуваат, ми се има и на мене случено неколку пати. Во четвртфинале на Грен  слен да водиш два сета и да имаш целосна контрола, многу несреќно, не знам што друго да кажам. Му посакувам брзо опоравување, денеска тој требаше да биде победник, тука нема дилема“, рече Ѓокович по мечот.

Remote video URL
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Тенис

Јаник Синер објави крај на сезоната

Read more

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Read more

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Read more

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Read more

Спорт

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе

Зидан ја откри формулата на одличната Франција: Резервите прават разлика, но тимската работа е клучна

Читај повеќе