Надал се расплака на збогувањето од Ролан Гарос, го испратија најголемите

Најдобриот тенисер во историјата кога станува збор за играње на земјени терени, Рафаел Надал, вчера имаше официјално збогување на Ролан Гарос, кое го прославија и останатите од Големата четворка.

Легендарниот Шпанец ја прослави својата 14-та титула на Отвореното првенство на Франција, а на Централниот терен на Ролан Гарос му се придружија Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Енди Мареј, кои му оддадоа почит за сè што направи во текот на неговата кариера.

Надал не можеше да ги скрие солзите, а потоа одржа емотивен говор на три јазици: француски, шпански и англиски.

„Ви благодарам на сите што бевте со мене толку долго и ми помогнавте многу, им благодарам на тренерите што работеа со мене. На мојот тим, кој беше како второ семејство, не можам доволно да ви се заблагодарам. Вие сте најдобриот тим што можев да го имам, ви благодарам што поминавте толку години со мене“, рече Надал, а потоа им се обрати на Ѓоковиќ, Федерер и Мареј.

Remote video URL

„Новак, ти сè уште не знаете, Енди веројатно знае, а веќе разговарав со Роџер за тоа - сè е сосема поинакво кога ќе ја завршите кариерата, нема повеќе нервоза и сè друго. Сите ги остваривме нашите соништа, ги игравме најважните натпревари во нашите кариери, создадовме големи соперништва, но му покажавме на светот дека можеме да се бориме на прекрасен начин - да се бориме, но да се почитуваме еден со друг“, рече Надал и додаде:

„Многу ми значи што сите сте тука. Ми создадовте многу проблеми на теренот, но уживав одејќи до крај секој ден за да се натпреварувам со вас. Тенисот е само игра, на крајот на краиштата. Ми значи сè што сите сте тука и тоа е одлична порака до светот дека можеме да бидеме пријатели, иако сме големи ривали. Ви благодарам многу за сè сите овие години!“, рече Надал.

„Конечно, сакам да им се заблагодарам на Франција и Париз. Ми дадовте љубов и засекогаш ќе го ценам тоа. Ми дадовте и шанса да го земам олимпискиот факел од рацете на Зидан. Ми дадовте статуа на Ролан Гарос. Ме натеравте да се чувствувам како уште еден Французин. Нема повеќе да играм пред вас, но секогаш ќе имам посебен однос со ова место и со вас. Ви благодарам многу“, рече Надал.

реклама

Тенис

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Read more

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Read more

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Read more

Родителите на Синер одбиле да седат во Кралската ложа на Вимблдон

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе