Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос е привремено суспендиран поради позитивен тест за кокаин.
Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) потврди дека примерокот што Кирјос го дал на 22 јуни за време на турнирот во Мајорка содржел бензоилекгонин, метаболит на кокаинот.
BBC објави дека Кирјос е привремено суспендиран од 4 август.
Кирјос на Instagram призна дека направил „огромна грешка“ за која презема „целосна одговорност“.
Суспензијата значи дека на 31-годишниот тенисер не му е дозволено да игра, да тренира или да присуствува на Грен слем турнири и други натпреварувања под покровителство на АТП и ВТА.
ITIA соопшти дека Кирјос може да се жали на одлуката, но дека досега не го искористил тоа право.