Тенисерите згрозени од условите во Шангај: Сакате некој да умре среде натпревар?

Шангај е домаќин на еден од најсложените турнири на АТП Мастерс 1000 во последните години. Бројни истакнати тенисери ги откажаа своите настапи, а оние што останаа се соочуваат со сериозни тешкотии. Тенисерите број еден и број два во светот се повлекоа предвреме. Карлос Алкарас го пропушти турнирот по триумфот во Токио, а Јаник Синер се повлече поради повреда.

Главниот проблем се временските услови. Според шпански AS, температурата се искачува над 30 степени Целзиусови, а многу високата влажност ги отежнува условите за време на натпреварите. Поранешниот број еден Новак Ѓоковиќ нагласи дека не памти да играл во вакви услови. „Не можам да се сетам кога последен пат играв на таква влажност. Условите се исти за сите, но тешко е да се игра кога нивото на влажност е на 80% секој ден, особено во утринските часови“, рече српскиот тенисер.

Холгер Руне отиде чекор понатаму во својата критика. За време на неговиот натпревар со Французинот Перикардо, тој жестоко му се обрати на судијата.

„Сакате некој да умре среде натпревар?“, праша тој, а подоцна додаде за медиумите: „Мислам дека на турнири како овој треба да има правило против екстремна топлина, како на Грен слем турнирите. Можеме да се справиме со топлината бидејќи сме спортисти и мора да бидеме подготвени за сè, но мора да има ограничување.“

Новак Ѓоковиќ и Зизу Бергс ќе излезат на теренот во 12:30 часот. Првиот полуфинален натпревар започнува во 15:00 часот по локално време, а прогнозата за тој период вели 29 степени Целзиусови и 58% влажност.

Вториот полуфинален натпревар е закажан за 18:30 часот по локално време, а играчите повторно ќе очекуваат многу висока влажност на воздухот од околу 78%. Температурата треба да падне на 26 степени Целзиусови, но условите сепак остануваат тешки за играње.

реклама

30 години подоцна: Почна судење за убиството на Тупак Шакур 

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Зошто е важно во колку вода ги варите тестенините?

Read more

Се ближи крајот на светот што го предвидел Исак Њутн

Read more

Тенис

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Read more

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Read more

Родителите на Синер одбиле да седат во Кралската ложа на Вимблдон

Read more

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Read more

Спорт

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Читај повеќе

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Читај повеќе

Премиер лигата воведе 4 нови правила за новата сезона

Читај повеќе

Младиот напаѓач на Каљари се давел во базен, со хеликоптер го однеле на интензивна

Читај повеќе

Јуве ѝ плати на Болоња 20 милиони евра за стоперот Лукуми

Читај повеќе

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мусиала колабираше на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Дебакл на Меси: Ова не му се случило од 2014 година

Читај повеќе