За време на Австралија опен се појави сериозна контроверза околу приватноста што ја имаат и немаат тенисерите за време на големите турнири.
Видеата од изливот на гнев на Коко Гоф во ходниците на стадионот по нејзината елиминација го обиколија светот, но предизвикаа и реакции на многу играчи од турнејата.
Покрај нејзините колешки Ига Швјонтек, Џесика Пегула и Аманда Анисимова,и Новак Ѓоковиќ зборуваше за тоа на прес-конференција.
„Ја разбирам Коко, сочувствувам со неа. И јас кршев рекети, знам како е кога си фрустриран. Живееме во општество каде што 'содржината' е сè. Тажно е што денес не можеш никаде да се скриеш и да го исфрлиш својот гнев без да те фатат камери“, рече Ѓоковиќ и иронично додаде:
„Изненаден сум што сè уште немаме камери додека се тушираме. Тоа е веројатно следниот чекор.“
Сепак, Вимблдон соопшти дека нема да ја променат поставеноста на камерите во ходниците на „Ол Ингланд Клуб“.
Со ова, Англичаните удрија контра Ѓоковиќ, Гоф и другите кои се пожалија, со образложение дека камерите во зоните за загревање се „корисни за промоција на спортот“.
Но, за возврат, од организацијата на Вимблдон нагласија дека снимките нема да одат директно во програмата, туку во одложено снимање, дека секоја камера ќе биде јасно обележана и играчите ќе бидат информирани за нивното присуство, како и дека приватните зони на тимовите во соблекувалната сепак ќе останат строго забранети за снимање.