АТП ВИМБЛДОН 2025

Зверев отворено за менталната криза: Не наоѓам радост надвор од теренот, осамен сум

Александер Зверев испадна уште во првото коло на Вимблдон, но тоа не беше најтешката работа за третопласираниот тенисер во светот. Откако го напушти теренот, Германецот зборуваше повеќе, невидливо за јавноста, за контекстот на неговата изгубена битка против Французинот Артур Риндеркнеш.

Може да се каже дека си ја отвори душата на средбата со „седмата сила“, без никакво двоумење или срам (а зошто би имал?!) откривајќи ги деталите за менталната криза низ која минува во последно време. Со надеж дека наскоро ќе најде излез од тоа мрачно царство.

„Никогаш порано не сум се чувствувал толку празно. Понекогаш се чувствувам многу осамено. Се борам. Психички, велам дека се мачам уште од Австралија опен. Едноставно не знам... Се обидувам да најдам начини да излезам од оваа дупка. И постојано се наоѓам повторно во неа. Едноставно се чувствувам доста осамено во животот во моментов, што не е убаво чувство“, објасни Зверев.

Најдобро рангираниот на АТП листата по Јаник Синер и Карлос Алкарас, е подготвен да побара стручна помош.

„Можеби за прв пат во мојот живот ќе ми треба. Поминав низ многу тешкотии во медиумите и во животот воопшто. Ми недостасува радоста во сè што правам. Тоа не е нужно во тенисот. Дури и кога победувам на натпревари, како во Штутгарт или Хале, тоа не е нужно чувството што го имав порано. Кога бев среќен до солзи и мотивиран да продолжам. Во моментов го немам. За прв пат во мојот живот го чувствувам ова“, призна германскиот тенисер со руско потекло.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Тенис

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Read more

Како публиката го налути Ѓоковиќ на Ролан Гарос: Немаат почит

Read more

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Read more

Синер пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Read more

Спорт

  • play_arrow

Халанд не глуми лажна скромност: Првиот гол ми беше убав, вториот уште поубав

Читај повеќе

Најстарите фудбалери на СП 2026: Од ѕвезди до анонимуси кои го живеат мундијалскиот сон

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Читај повеќе

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе